fbpx

Пробниот попис завршува в недела, законот фаќа прашина во Собранието

-

На 30 јуни треба да заврши пробниот попис во државата кој Државниот завод за статистика почна да го спроведува во 13 општини на 10 јуни годинава иако Законот за попис на населението, кој е со европско знаменце се уште не е усвоен во Собранието.

Главна причина за одлагањето на собраниската дебата и усвојувањето на овој закон се несогласувањата меѓу власта и опозицијата.

Во пресрет на пописот кој по пауза од 18 години треба да се спроведе во 2020 година интересно е да се види какви се процените на Државниот завод за статистика за бројноста на населението и воопшто за демографските текови во земјава.

Според процената на населението (состојба 31.12.2018 година), во нашата држава има 2.077.132 жители, што е за 11.363 лица или за 0,6 отсто повеќе во однос на 2013 година и 28.513 лица или 1,4 отсто повеќе во однос на 2008 година.

„Во периодот од 2008 до 2018 година, се забележува континуирано зголемување на доселените странци во Република Северна Македонија. Во однос на старосната структура, македонското население сè повеќе старее. Во периодот од 2008 до 2018 година, учеството на младото население (0-14 години) во вкупното е намалено од 18,1 отсто на 16,4 отсто, а учеството на старото население (65 и повеќе години) е зголемено од 11,5 отсто на 14,1 отсто“, констатираат од Државниот завод за статистика.

Во периодот од 2008 до 2018 година, бројот на живородените е намален за 7 отсто, а стапката на наталитетот за 0,9 ‰ (живородени на 1.000 жители).

„Промените во старосната структура на населението имаат своја рефлексија врз бројот на умрените лица во земјата. Бројот на умрените лица придонесе за зголемување на стапката на морталитет, која во 2018 година изнесува 9,5 ‰ (умрени на 1.000 население). Во периодот од 2008 до 2018 година, се забележува намалување на бројот на склучените бракови за 8,2 отсто и зголемување на бројот на разводите за 34 отсто“, велат од статистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...