fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Законот за игри на среќа не го помина собранискиот филтер

Законот за игри на среќа со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, вчера не помина во Собранието. За негово усвојување требаше поддршка од 61 пратеник, а во случајов недостигале 10 гласови. „Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас...

Сложни „владици“ во Собрание си мрсат

Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независните кандидати на изборите. Во меѓувреме тие продолжија да...

Собранието пресече – рокот на важење на старите пасоши нема да се продолжи

Собранието на денешната седница не ги изгласа предложените измени на Законот за патни исправи, со кои се бараше старите пасоши на граѓаните со „Република Македонија“ да важат до крајот на годинава, како што беше направено со возачките дозволи. Законските измени беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа „за“. Како што објави пратеникот...

Средба Митрески-Стефанчук по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, при посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, се сретна со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук. Митрески изразил благодарност за поканата и нагласил дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Македонија за Украина, на сите полиња. „Тој нагласил дека...

Џафери: Денеска ќе се одлучува околу проблемот со личните документи

Јас сум свесен дека во овие десет дена се најдов пред многу предизвици во „цајтнот“. Секако дека ги имаме преземено сите можности и евентуални решенија кои би биле во полза на граѓаните и секако размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме соодветно решение и одлука. Ова денеска го изјави техничкиот премиер Талат Џафери, на...

Меџити и Алиу – политички жртви од поделбата на Алијанса

Предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето. Ова го истакна премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, откако беше поднесен предлогот за разрешување на министрите за здравство и...

Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на Горан Трпеноски на 27 април 2017

Уставниот суд на денешната седница утврдил повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Горан Трпеноски на основа на членот 110 алинеја 3 од Уставот. Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието на 27 април 2017, со задача да известува за...

Да се изгласа Законот за игри на среќа, инаку ќе протестираме, се закани движењето „Анти-коцкање“

Движењето „Анти-коцкање“ побара од пратениците на Собранието да го поддржат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри што е на дневен ред утре, на пленарната седница на Собранието. Од Движењето потенцираат дека ако пратениците не го изгласаат законот, тие ќе преземат радикални мерки, како протести, па дури и блокирање на изборите, пишува Порталб.мк. Иако предлог-законот не...

Конституирано српското Собрание, опозициските пратеници дадоа заклетва пред салата

Во бурна атмосфера се одржа конститутивната седница на Собранието на Србија, во која пратениците од опозицијата држеa транспаренти и креваа врева, додека во салата имало и припадници на обезбедувањето, пренесува српски „Данас“. Мандатите на пратениците биле прифатени, но пратениците на двете опозициски коалиции дале заклетва надвор од салата. Во салата, на плафонската светилка закачен бил транспарент на кој пишувало: „Ако сакаш...

Избрана новата техничка влада

Собранието со 65 гласа „за“ и 3 „против“ ја избра новата македонска техничка влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат свои министри, не гласаа за изборот на техничката влада. Двајцата пратеници од Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев гласаа „против“, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори...

Во Собранието се бира техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи

Започна 141. собраниска седница на која треба да се избере новата техничка Влада, предводена од Талат Џафери. Тој на почетокот имаше свое обраќање и рече дека зацртаната политика на досегашната влада нема да се менува. Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ја води собраниската седница и тој ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов...

Ќе се вработуваат лектори во државните институции, изгласан Законот за употребата на македонскиот јазик

На денешната собраниска седница беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, кажа дека со чувањето на македонскиот јазик, се зацврстува државноста и темелот на идентитетот. Со овој закон, меѓу другото, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување лектори по македонски јазик во сите јавни институции...

Јован Митрески нов претседател на Собранието

Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај. Тој денеска беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“ и даде свечена заклетва во Собранието. Неговиот претходник Талат Џафери ќе биде мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на...

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да го добијат приоритетот што...

Сигналите од ВМРО-ДПМНЕ за учество во „техничката влада“ се недвосмислени

Повеќе сигнали од високи функционери и претставници на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека партијата ќе учествува во преодната, „пржинска или техничка влада“. Тоа што органите на партијата допрва ќе решавале за тоа прашање може да биде или за политички маркетинг, дотолку повеќе што за технички премиер е веќе номиниран Талат Џафери, или заштита на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој јавно...

Парламентите во регионот не се посветени на стратешко планирање и известување за нивната работа

Парламентите во регионот не се посветени на стратешко планирање и известување за нивната работа, што е евидентно преку недостатокот на објавување на годишни работни програми и извештаи. Нашето Собрание пак, не објавува годишен работен план, но објавува годишни работни и детални извештаи. Ова се наодите од истражувањето за Индексот на отвореност на парламентите од балканскиот регион, поточно, парламентите од Црна...

Владата ги усвои предложените измени на Законот за спорт, ќе се носат по скратена постапка

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт што беше предложен од Министерството за правда. Со предложените измени се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко...

Контраспин: Апасиев како Робеспјер – народен фронт за финална пресметка!

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зoшто голем дел од...

Столтенберг во Собранието: Северна Македонија е пример дека има алтернативи на насилството

Северна Македонија е богата со неверојатни луѓе, прекрасни пејсажи и светло ветување за иднината. Вие водите со пример, покажувајќи како луѓето од различни етнички и религиски позадини може да живеат заедно и да градат држава. Вашата држава е доказ дека со посветена работа, реформи и посветеност на вредностите и идеалите на трансатлантската заедница, а тоа се слободата, демократијата и...

По вандализмот на Левица во Собранието сите се обвинуваат дека се во коалиција со противникот

И владејчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија однесувањето на пратениците на Левица на вчерашната собраниска седница кога Борислав Крмов откорна монитор и заедно со Димитар Апасиев фрлаа со листови кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој ја водеше седницата за усвојување на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Со низа соопштенија реагираше и Левица. Она што ги карактеризира...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...