Ќе се вработуваат лектори во државните институции, изгласан Законот за употребата на македонскиот јазик

Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик е телото кое ќе врши инспекциски надзор над примената на законот

-

На денешната собраниска седница беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, кажа дека со чувањето на македонскиот јазик, се зацврстува државноста и темелот на идентитетот. Со овој закон, меѓу другото, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власта.

Министерката кажа дека ова подразбира вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите, а со тоа се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик.

„Денеска правиме вистински потфат во унапредувањето на јазикот и зацврстување на македонскиот идентитет. Односот спрема јазикот е детектор кој јасно ги покажува нашите намери и на сите оние што учествуваа во транспарентната постапка на неговото изготвување. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси“, рече таа.

Министерката се заблагодари на сите членови на Советот за македонски јазик, на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на реномираните лингвисти, македонисти, професори кои своето искуство, како што нагласи, својот интелектуален и стручен капацитет, го вложиле во изработката на овој закон.

Стариот Закон од 1998 година, претрпел незначителни измени со текот на годините, но сè повеќе се забележуваше непочитување на законските мерки и негрижа за македонскиот јазик.

„Затоа, во државата постои сериозно јадро на институции и професионалци кои многу грижливо и систематично го штитат и го унапредуваат македонскиот јазик. Постојат интелектуалци кои со својата работа потврдуваат дека македонскиот јазик не е загрозена категорија, тој е жив и почитуван. Наша е обврската, како политичари, како пратеници, да го поддржиме, да го унапредуваме, да го промовираме и да го афирмираме“, додаде таа.

Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик е телото кое ќе врши инспекциски надзор над примената на законот.

„Законот дава правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Од овој закон поизлегуваат многуважни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици вочетврта година од средното образование и на додипломски, магистерски и докторски студии, со што сеправи голем исчекор кон мотивирање на младите запроучување на македонскиот јазик“, рече министерката.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...