fbpx

Студенти во Грција протестираа против отворање на приватни универзитети

Се очекува следната недела владата на Мицотакис да поднесе нов предлог-закон кој ќе овозможи функционирање на грчки филијали на странски приватни универзитети

-

Илјадници грчки студенти и поддржувачи вчера учествуваа на протест во центарот на Атина, противејќи се на плановите на конзервативната влада на Грција да овозможи формирање на приватни универзитети, јави Асошиејтед Прес.

Демонстрантите, извикувајќи „Студентите, обединети, ќе победат“ поминаа покрај главната зграда на Универзитетот на Атина додека маршираа низ центарот на грчкиот главен град до парламентот.

На почетокот од годинава, десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис протурка неколку клучни закони, искористувајќи ја убедливата победа на изборите минатата година и огромното водство во анкетите.

Се очекува следната недела владата да поднесе нов предлог-закон кој ќе овозможи функционирање на грчки филијали на странски приватни универзитети.

Владата тврди дека мерката ќе спречи илјадници Грци да заминат на студии во странство, да ги задржи виталните вештини во земјата, но и да привлече странски студенти.

Противниците, пак, велат дека тоа ќе ги поткопа државните универзитети кои веќе се соочуваат со тешкотии во финансирањето и дека ќе предизвика и државните факултети да почнат да наплаќаат партиципација.

Грција е една од ретките земји во ЕУ кои нудат бесплатно високо образование и има 24 јавни универзитети кои ги финансира државата.

Грчката влада во последните недели се соочува со серија протести од различни групи, предизвикани од законодавните реформи и кризата со трошоците за живот. Во централна Грција, земјоделците вчера со трактори блокираа делови од автопат, барајќи дополнителна финансиска поддршка од владата за намалување на производствените трошоци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...