Бесплатен одмор во Грција за туристите кои го напуштија Родос поради шумските пожари минатата година

Со одлука што грчките власти ја нарекуваат прва на светско ниво, од оваа недела, до 25.000 туристи ќе имаат право на компензација

-

Девет месеци откако шумските пожари го опустошија Родос, Грција почнува со првите „бесплатни“ одмори за илјадници туристи кои беа принудени да го напуштат островот минатата година, објави Гардијан.

Со одлуката што грчките туристички власти ја нарекуваат прва на светско ниво, од оваа недела, до 25.000 туристи ќе имаат право на компензација.

Според програмата, луѓето кои престојувале во хотелите што биле евакуирани поради пожарите во јули 2023 година, можат да добијат е-ваучери во вредност до 500 евра за покривање на сместувачките трошоци за еднонеделен престој. Иницијативата ќе се одвива во две фази – од оваа недела до 31 мај, и од 1 октомври до 15 ноември.

Грчките власти за Гардијан информирале дека повеќе од 5.000 туристи досега биле запишани во регистарот на корисници на програмата.

„Секој што престојувал во области кои биле погодени од пожарот ги исполнува условите. Одзивот беше многу добар и ни е кажано дека ќе биде уште посилен наесен“, изјавил Јанис Папавасилиу, кој го предводи Сојузот на хотелиери на Родос.

Според него, компензацијата ќе биде во висина на износот што клиентите првично им го платиле на тур-операторите, а ќе се движи од 300 до 500 евра. Програмата се однесува само на хотели, а не и на приватни сместувања како оние преку „Airbnb“.

„На крајот од денот, Грција го исполнува своето ветување дека ќе ги надомести сите оние кои го загубија одморот поради климатските промени“, рекол Папавасилиу.

При посетата на Родос во понеделникот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека шумските пожари неизбежно ќе се зголемат како резултат на климатската вонредна состојба.

„Целиот Медитеран е жариште на климатските промени. Тоа, статистички, значи дека ќе имаме повеќе пожари и веројатно повеќе поплави“, рече тој на конференција организирана во Родос од Европската комисија за патување, насловена „Туризам на ЕУ: издржливост во ерата на климатската криза“.

Според него, најважен бил човечкиот фактор, а грчкиот премиер истакна дека земјата е горда на фактот што кризата завршила без загуба на човечки животи.

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри...

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Според најновите достапни податоци, децата во Северна Македонија се изложени на значително повисок ризик од сиромаштија од возрасните, при што 32 отсто живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40 отсто...

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се...

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата на ликовниот уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ или како што тој вели поточно „Далдисај во мене“. Неговите две претходни...

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од...