fbpx

Најголемата евакуација во историјата на Грција – во пламен грчките острови Родос, Крф и Евија

На видеата на социјалните мрежи се гледа како пламените го зафаќаат и познатиот туристички остров Крф - чад и портокалова магла буквално го покриваат небото. Пожарот избил на северниот дел на островот, кој е популарен кај британските туристи

-

Пожарникарите во Грција се борат да стават под контрола 82 шумски пожари што горат низ целата земја, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден на летото досега, пренесува Гардијан.

Покрај огромните пожари на островот Родос, од каде беа евакуирани 19.000 луѓе, шумски пожари избувнаа и на островите Евија и Крф.

Во Евија, властите им рекоа на жителите на четирите јужни села да се евакуираат во градот Каристос, западно од местото каде што се ширеше пожарот.

Вицегувернерот на Централна Грција, Јоргос Келаидитис, кој се наоѓал во близина на едно од селата, за државната агенција АНА-МПА изјавил дека ситуацијата е тешка.

„Пожарот може да е оддалечен 2 километри, но ветерот е силен, чадот е густ и тешко се дише“, рече тој.

Северна Евија беше уништена од шумски пожари во август 2021 година.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како пламените го зафаќаат и познатиот туристички остров Крф – чад и портокалова магла буквално го покриваат небото. Пожарот избил на северниот дел на островот, кој е популарен кај британските туристи.

Други пожари, каде исто така беше потребна евакуација избувнаа на североисточната страна на островот Крф и во северниот регион на Пелопонез, во близина на градот Аиџо. Сообраќајот на стариот национален пат Атина-Патрас, кој минува низ брегот, е прекинат, пренесува Индепендент. 

Министерството за климатски промени и цивилна заштита соопшти дека вонредната состојба на островот Родос ја предизвикала „најголемата евакуација од шумски пожари во историјата на земјата“.

Локалната полиција соопшти дека 16.000 луѓе биле евакуирани по копно и 3.000 по морски пат, од 12 села и од неколку хотели. Шест лица кратко биле згрижени во болница поради респираторни проблеми. Едно лице кое паднало и скршило нога за време на евакуација во хотел и една трудница се хоспитализирани. Голем број туристи чекаа летови од меѓународниот аеродром на Родос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...