fbpx

Гир: Недостига експертиза, капацитетите на Агенцијата за заштита на личните податоци мора да се зголемат

За пет години Агенцијата за заштита на личните податоци ја напуштиле 25 отсто од вработените, потврди директорот Имер Алиу, кој рече дека вработените заминале во приватниот сектор за подобри плати

-

Недостигот од вработени и стручни лица во Агенцијата за заштита на личните податоци, немањето законска регулатива во случај на злоупотреба на личните податоци и зајакнувањето на судството и обвинителството, како и заштитата на децата и младите во светот на модерната технологија беа дел од прашањата за кои се разговараше на денешната конференција што се одржа во Скопје на тема „Јакнење на судството и заштитата на младите во дигиталната ера“, организирана по повод Европскиот ден за заштитата на личните податоци од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи, пренесува Порталб.мк.

Конференцијата ја отвори амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, кој истакна дека Агенцијата за заштита на лични податоци треба да работи со поголеми капацитети и дека персоналот треба да биде обучен за да може да работи во областа на податоците пред да се започне со спроведување на регулативите за заштита на личните податоци.

„Има недостаток на курсеви за обучување на кадрите во јавниот и приватниот сектор кои се занимаваат со личните податоци. Конкретно, Агенцијата за заштита на лични податоци мора да има доволно персонал. Проблемот со недостатокот на персонал ќе стане уште поголем кога ќе продолжиме со имплементацијата на законската рамка и агенцијата ќе треба да работи со полн капацитет, да биде финансиски независна и од аспект на човечки ресурси и менаџмент“, рече амбасадорот Гир.

За пет години Агенцијата за заштита на личните податоци ја напуштиле 25 отсто од вработените, потврди директорот Имер Алиу, кој рече дека вработените заминале во приватниот сектор за подобри плати.

„Нашиот персонал не се зголемува, туку се намалува бидејќи Законот за заштита на личните податоци е релативно ригорозен закон и институциите ја увидоа потребата да се усогласат со овој закон и каде можат да најдат професионално подготвени луѓе освен во Агенција за заштита на лични податоци. Како резултат на тоа, во последните пет години изгубивме 25% од персоналот кој отиде во приватниот сектор, се разбира и поради многу повисоките плати кои им се нудат во приватниот сектор наспроти оние во јавниот сектор“, рече Имери.

Тој додаде и дека Владата без да даде појаснување го повлече од собраниска процедура законот со кој се предвидува случаите на злоупотреба на лични податоци да се гонат како кривични дела.

„Предизвик за нас останува Законот за трансформација на полициската директива преку кој посебно ќе се регулира обработката на личните податоци кај полицијата и органите за спречување, постапување и гонење на кривични дела. Овој закон беше во собраниска процедура и за жал без никакво појаснување беше повлечен од Владата “, рече директорот Имери.

Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, рече дека преку обука треба да се зголемат капацитетите на судството и обвинителството кога се во прашање личните податоци, бидејќи злоупотребата на личните податоци завршува на суд.

„Потребно е да се подигне свеста на академијата, на правните професионалци, тоа го правиме во рамките на темите кои секоја година се планираат во рамките на академијата. Имаме обука за судии во однос на интернетот, но треба да се работи повеќе бидејќи оваа тема опфаќа различни сегменти, различни аспекти и за секој аспект треба да  се овозможи соодветна обука за да можеме ефикасно и ефективно да се справиме со проблемите“, рече Дамјановка.

Покрај зајакнувањето на капацитетите на судството и обвинителството, на конференцијата беше истакната и потребата од зајакнување на капацитетите на другите институции кои работат со лични податоци, меѓу кои е и Министерството за внатрешни работи. Поради оваа причина, изготвен е Водич за правна регулатива од правниот експерт Александар Гоџо. Тој нагласи дека правдата како поле никогаш нема да може да ја достигне технологијата бидејќи правдата бара дефинирање на норми и регулативи, но нагласи дека Северна Македонија може да се обиде да биде еден чекор зад технологијата и не повеќе.

Во вториот дел од конференцијата се разговараше за заштитата на децата и младите во дигиталната ера. Панелистите им порачаа на младите да се информираат за нивните права, кои лични податоци треба да ги споделат на интернет и каде можат да пријават злоупотреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...