fbpx

Да се изгласа Законот за игри на среќа, инаку ќе протестираме, се закани движењето „Анти-коцкање“

Ако овој закон не помине, тој рече дека ќе бидат принудени да протестираат, да ја блокираат државата и да ја блокираат и на денот на изборите за да не се одржат редовните избори, рече Јуши Емурлаи од Движењето „Анти-коцкање“

-

Движењето „Анти-коцкање“ побара од пратениците на Собранието да го
поддржат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на
среќа и забавните игри што е на дневен ред утре, на пленарната седница на
Собранието. Од Движењето потенцираат дека ако пратениците не го изгласаат законот, тие ќе преземат радикални мерки, како протести, па дури и блокирање на изборите, пишува Порталб.мк.

Иако предлог-законот не ги исполнува сите барања на Движењето „Анти-коцкање“, кои бараат да се затворат сите игри на среќа во земјава, Јуши Емурлаи од Движењето „Анти-коцкање“ нагласува дека ја поддржуваат оваа иницијатива бидејќи од некаде треба да почне.

„Апелираме до пратениците утре да не се двоумат и да гласаат за овој закон
бидејќи тоа е иницијатива што ќе започне со оддалечување на 500 метри од средните и основните училишта и ќе заврши со затворање на сите игри на среќа“, рече Емурлаи.

Тој нагласи дека нивниот повик е насочен посебно кон ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие од почетокот го попречуваат донесувањето на овој закон.

„Четири години законот се чуваше во фиоките на Комисијата за финансии, па Владата беше принудена да го донесе со европско знаме. Дојде моментот од некаде да се почне. Затоа повикуваме да се почне од некаде за да се стигне до конечната цел на Движењето „Анти-коцкање“, а тоа е да се стави крај на сите игри на среќа во РСМ“, рече Емурлаи.

На прашањето од Порталб.мк околу тоа што ќе прават понатаму ако овој закон не
помине, тој рече дека ќе бидат принудени да протестираат, да ја блокираат државата и да ја блокираат и на денот на изборите за да не се одржат редовните избори.

„Затоа како граѓани повикуваме овој закон да се донесе за да не се соочат со посериозни инциденти и предизвици“, рече Емурлаи.

Согласно предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, деловните простории во кои се организираат игрите на среќа во обложувалници и автомат-клубови, лотарија во затворени простории и електронски игри на среќа мора да се сместени на растојание не помало од 500 метри од основните и средните училишта.

Движењето „Анти коцкање“ неколкупати организираше протести за отстранување на објектите на игрите на среќа од населените места, но и покрај тоа што го кренаа гласот, властите не ги исполнија нивните барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...