fbpx

За четири дена 9.000 граѓани аплицирале за ваучери за клима уреди, огласот е затворен

Граѓаните сега ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија

-

Поради големиот број пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука денеска да го затвори јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари и за него нема доволно пријавени кандидати.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари.

Во архивата на Министерството за економија за само четири дена откако биле објавени јавните повици, пристигнале повеќе од 9.000 апликации, што ја надминува проценетата бројка од над 7.000 домаќинства кои можат да добијат ваучер.

На првиот повик ваучерот изнесува 23.000 – 25.000 денари за купување на клими инвертери, а за ранливите категории граѓани сумата беше повисока, до 30.000 денари.

Доколку за вториот повик не се пријават доволно граѓани, парите ќе бидат распределени за првиот.

За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари. За доделување на ваучери за инвертер-клима уреди за ранливи потрошувачи на енергија, пак, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни повици.

Ваучерите ќе се добиваат преку пошта откако ќе бидат разгледани барањата, а распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...