Работниците со ниски примања чекаат ред за ваучери за домашен туризам

Немаме за леб, ама чекаме за туризам, ни рече еден од работниците кој чекаше да ги достави документите во Министерството за економија

-

Пред Министерството за економија работниците со ниски примања чекаат редици за да достават документи и да добијат ваучер за домашен туризам за 18.000 денари.

Иако огласот беше објавен во понеделникот, редиците се создадоа денеска, поради големиот број документи што требало да се соберат. Можност да добијат ваучер ќе имаат 3.555 работници со ниски примања, според принципот „прв дојден – прв услужен“.

„Немаме за леб, ама чекаме за туризам“, ни рече еден од работниците кој чекаше да ги достави документите во Министерството за економија.

Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши минатата недела, главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

„За оваа мерка се обезбедени средства во износ од 64.000.000 денари (околу еден милион евра) односно ке се издадат вкупно 3.555 потврди-ваучери за одмор за работници со ниски приходи. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари”, кажа Бектеши.

Ваучерите за одмор ќе можат да се искористат надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерството за економија.

Ваучерите ќе може да се искористат од моментот на добивање до 30 јуни годинава, и од 15 септември до 1 декември.

За да аплицираат, работниците со ниски приходи – баратели до Министерството за економија треба да ги достават следните документи:

-Барање кое ќе може да ги најдат на веб-страната на Министерството за економија или во Архивата на Министерството;

-Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три (3) месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство;

-Потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени;

-За членовите од смесјтвото кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа;

-Фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството;

-Доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството);

-Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

Со оглед на тоа што Министерството за економија нема подружници во други градови, работниците од внатрешноста мора да дојдат во Скопје или пак документите да ги пратат препорачано, по пошта.

Првично, оваа мерка беше наменета за студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства, но Министерството за економија се премисли во последен момент и повторно го распиша повикот за работници со ниски примања. На прашањата на Мета.мк, од министерството изјавија дека ќе има ваучери и за студентите, но после изборите во мај.

Студентите ќе добијат ваучери за туризам, но по изборите

 

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на...