Од 4 до 6 март во Приштина ќе се одржи конференцијата за сајбер безбедност „Cyber Zero“

На конференцијата се предвидени над 50 говорници, 10 панел дискусии и над 2.000 учесници

Принтскрин, Cyber Zero

Од 4 до 6 март во Приштина ќе се одржи осмото издание на меѓународната конференција за сајбер безбедност Cyber Zeroво Западен Балкан, во организација на Албанското сајбер здружение  и FINDBUG, со поддршка на Амбасадата на САД во Приштина, пишува Порталб.мк.

На конференцијата се предвидени над 50 говорници, 10 панел дискусии и над 2.000 учесници. Темата на првиот ден главно ќе биде сајбер безбедноста, на вториот ден ќе се говори за дезинформациите и лажните вести, додека пак на третиот ден медиумите и граѓанските организации ќе имаат можност да стекнат повеќе знаења за употребата на алатките на вештачката интелигенција со цел зголемување на нивните перформанси за анализа, видео и аудио.

Во претходното издание имаше над 1.000 учесници, 55 говорници-експерти , 9 панели за дискусија и етички натпревар за хакери познат како „Денот кога хакирањето е легално 7“. За награда од 20.000 долари се натпреваруваа вкупно 28 етички хакери за да ги идентификуваат слабите точки во медиумите и платформите на граѓанското општество.

Оваа година се очекува да присуствуваат 10 глобални лидери во сајбер безбедноста со седиште во САД, од кои секој ќе понуди увид во најновите производи и решенија насочени кон правење на дигиталниот свет побезбедно место.