fbpx

Конституирано српското Собрание, опозициските пратеници дадоа заклетва пред салата

Сите 250 избрани пратеници во Србија го добија мандатот, по седницата која се одржа во бурна атмосфера

-

Во бурна атмосфера се одржа конститутивната седница на Собранието на Србија, во која пратениците од опозицијата држеa транспаренти и креваа врева, додека во салата имало и припадници на обезбедувањето, пренесува српски „Данас“.

Мандатите на пратениците биле прифатени, но пратениците на двете опозициски коалиции дале заклетва надвор од салата.

Во салата, на плафонската светилка закачен бил транспарент на кој пишувало: „Ако сакаш повторно да ја ограбиш Србија, нема да можеш“.

Претседавачот, најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ, од листата „Србија не смее да застане“, изјави дека сите 250 избрани пратеници го добиле мандатот.

Пратеникот и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, ги осуди постапките на претставниците на опозицијата, оценувајќи дека постои законска рамка што тие требало да ја следат доколку имале забелешки за исходот од изборите и дека нивното однесување на конститутивната седница, според него, била несоодветна.

„Од кога сум во парламентот никогаш не сум повикувал некој да се однесува вака: транспаренти, викање, навреди. Не ни треба овој хаос во парламентот“, рече Дачиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...