fbpx

Во Собранието се бира техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на седницата рече дека „еден дезертер си даде оставка, а друг ќе седне во фотелјата“, додека Талат Џафери изјави дека зацртаната политика на досегашната влада нема да се менува

-

Започна 141. собраниска седница на која треба да се избере новата техничка Влада, предводена од Талат Џафери. Тој на почетокот имаше свое обраќање и рече дека зацртаната политика на досегашната влада нема да се менува. Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ја води собраниската седница и тој ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај.

„За мене не е важно дали е техничка Влада или за 100 дена, јас оваа одговорност ја сфаќам онака како што сум пристапувал кон секој предизвик кој сум го имал во животот. Сакам да Ве уверам дека нема да дозволам да отстапиме од она што значи функционална и одговорна институција. Се обврзувам дека ќе продолжам со целосно имплементирање на веќе имплементарите политики и стратешките приоритети за интеграција на граѓаните и државата во ЕУ до 2030 година“, кажа Џафери.

Џафери говореше на албански јазик, а во еден дел и на македонски јазик. Тој му се заблагодари за довербата, прво на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потоа на шефот на државата Пендаровски, и на сите пратеници.

Пратеникот од ВМР0-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на седницата рече дека „еден дезертер си даде оставка, а друг ќе седне во фотелјата“.

„Двајцата немаат искрени чувства кон Македонија и затоа не очекувајте ниту од Џафери да работи за успешна и напредна држава. Поддржувачи на СДСМ, ДУИ нема толку гласови за да избере премиер. Денеска Ковачевски и Маричиќ ја направија вашата партија привезок на ДУИ. Денес македонскиот наорд го направија кираџија во сопствената држава. Наместо европеизација, добивме ДУИ-зација на државата. Го добивме на чело Талат, другар на Мерко и на Пуцко петрол“, рече Милошоски, повторувајќи дека нема да гласаат за техничката влада.

Пратеникот Дарко Каевски рече дека пратениците од СДСМ ќе ја поддржат техничката Влада во ова Собрание.

„Нема да дозволиме ВМРО–ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес и со тоа на двојната победа на претстојните претседателски и парламентарни избори. СДСМ покажа дека знае да го штити гласот на граѓаните, а ВМРО–ДПМНЕ се нервозни поради изборниот пораз кој ги очекува“, рече Каевски.

Според него, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се слаби и нестручни, дел се лични пријатели на Мицкоски, дел поранешни функционери во Град Скопје, дел кадри на Груевски и ниту еден нема постигнато никакви резултати.

Според предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, технички заменик министер за финансии ќе биде Елена Петрова, која доаѓа од Управата за јавни приходи, технички заменик во МИОА ќе биде Стефан Андоновски, меѓународен секретар во ВМРО-ДПМНЕ, а технички заменик министер во МЗШВ ќе биде Цветан Трипуновски.

Иако копјата се кршеа за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ може да предложи свои технички министри, а да не гласа за техничката влада бидејќи не го прифаќа Талат Џафери за технички премиер, сепак се очекува техничката влада да биде избрана.

Техничката влада треба да биде избрана до полноќ. Техничка Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори.

Ова е трета по ред техничка влада, според Пржинскиот договор. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, додека во 2020 беше Оливер Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...