fbpx

Меџити и Алиу – политички жртви од поделбата на Алијанса

На денешната 143 седница на Собранието на чиј дневен ред се разрешувањата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, се и именувањата на Илир Демири и Наим Бајрами на нивно место во двата ресора

-

Предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето.

Ова го истакна премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, откако беше поднесен предлогот за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу од Алијанса за Албанците. Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа завчера одлучи да му предложи на премиерот Џафери разрешување на двајцата министри.

Предлогот за разрешување доаѓа откако во албанската политичка партија се случи раскол и поделба меѓу лидерот Арбен Таравари и претседателот на Централното собрание Зијадин Села и нивните симпатизери. Министрите Алиу и Меџити застанаа зад Таравари, додека министерот за правда Кренар Лога – зад Села.

„Овие двајца министри се изјаснија дека ќе го поддржат статусот на претседателот на партијата дека ќе делуваат како опозиција, а според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто се предлага разрешувањето. Согласно Уставот, ова е мое право, а одлуката ја носи Парламенетот“, истакна Џафери кој вчера го достави барањето за разрешување на двајцата министри.

Собраниската седница за разрешувањето на двајцата министри е во тек. Пред почетокот на седницата, министерот Алиу на својот профил на Фејсбук објави фотографија од неговото место во Собранието на која пишува „историски ден, пријатели“.

Фото: Фејсбук профил на Азир Алиу

Министерот за здравство Меџити, пак повтори дека работел чесно и посветено. Тој рече дека сè додека не се искорени политичкиот и личниот интерес, оваа држава нема да напредува.

„Оставам на вашата совест, да размислите пред да донесете одлука за министер кој вложува и работи за доброто на сите“, рече Меџити додавајќи дека тој покажал како треба да се работи.

На денешната 143 седница на Собранието на чиј дневен ред се разрешувањата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, се и именувањата на Илир Демири и Наим Бајрами на нивно место во двата ресора.

Во меѓувреме, во партијата Алијанса за Албанците продолжува тензијата. Утре е закажана седница на централното претседателство. Таравари пак, синоќа во Куманово одржа состанок со делегатите од централното претстедателство, на кој наводно добил, како што објави, 75 делегати за приклучување кон албанскиот опозицискиот блок.

„Делегатите гласаа за мојот предлог. Алијанса официјално одлучи да се приклучи на опозицијата“, напиша Таравави.

Според одлуката, партијата „се обврзува по парламентраните избори да го продолжи европскиот пат и да не коалицира со партии кои се против уставните измени и европскиот пат на државата“.

Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Аднан Незири, денеска изјави дека вчера во Куманово немало 75 делегати, туку 45.

„Партијата не е поделена, туку претседателот на партијата е поделен од партијата, затоа што неговата комуникација не е врз основа на процедурите и правилата што се бараат во партијата“, изјави тој.

Според Незири, нема да има две Алијанси, заради тоа што, како што рече, ќе има Централно претседателство легално и на тоа ќе се одлучува дека има само една Алијанса, а грешката што ја направил претседателот е обврска на тој што треба да даде одговорност, односно отчет.

Инаку, Села е со став дека Алијанса за Албанците не треба да влегува во предизборни коалиции со албанската опозиција, додека Таравари ја предводи иницијативата за изборно коалицирање со здружениот Европски сојуз за промени, каде што се вклучени Алтернатива (Африм Гаши), Демократско движење (Изет Меџити) и партијата Беса (Билал Касами).

Таравари, пак, на својот профил на Фејсбук веќе објави дека Алијанса за Албанците и официјално донела одлука да се приклучи на Европскиот сојуз за промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...