вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Алијанса за Албанците | 128 резултати

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

18 февруари 2024

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура […]

На 18 февруари на Конгрес ќе се одлучува дали ќе се разреши Таравари од лидер на Алијанса за Албанците

10 февруари 2024

Дали лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари ќе остане претседател на партијата ќе се знае на 18 февруари кога партискиот Конгрес ќе одлучува по иницијативата за негово разрешување која денес ја поднесе Централното собрание на партијата чиј претседател е Зијадин Села. Централното претседателство денеска заседаваше со часови, а Села изјави дека за поведување на […]

Собранието ги разреши министрите на Алијанса, Меџити и Алиу

10 февруари 2024

По целодневна и исцрпувачка дебата, собраниските пратеници доцна синоќа во две одделни гласања ги разрешија министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За разрешувањата гласаа 62 пратеници, додека немаше ниту еден против ниту воздржан. Опозицијата, по учеството во дебатата и критиките упатени за владејачката коалиција, не учествуваше во […]

Меџити и Алиу – политички жртви од поделбата на Алијанса

9 февруари 2024

Предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето. Ова го истакна премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, откако беше поднесен предлогот за разрешување […]

Џафери до Собранието го достави предлогот за разрешување на министрите Меџити и Алиу

8 февруари 2024

Претседателот на Владата, Талат Џафери, доставил допис до претседателот на Собранието, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието на првата наредна седница, да ги разреши Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Од Владата […]

Контраспин: Граѓаните не очекуваат антикорупција за сметка на човекови права

8 февруари 2024

Извртувањето на вистината е во тоа што Викторија Аврамовска-Мадиќ не нуди ниту еден аргумент дека токму со овие измени борбата против корупција ќе биде побрза и поуспешна, како и дека граѓаните стоеле зад ова зашто тие тоа го очекуваат од власта, дотолку повеќе што самиот предлог закон беше повлечен од Собранието и вратен на доработка […]

Алијанса за Албанците предложи нови министри за здравство и за информатичко општество

7 февруари 2024

Отворената „војна“ меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села од Алијанса за Албанците сè повеќе се разгорува. Откако приврзаниците на Села вчера предложија разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, денеска дадени се предлози за двајца нови министри кои би ги замениле. „Управниот совет на Алијансата за Албанците со […]

Таравари и Мицкоски не се сретнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари

7 февруари 2024

ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во партиското седиште. Телевизијата Клан испрати соопштение дека не е точна првично објавената информација од нивната телевизија, дека автомобилот на Таравари бил снимен во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на […]

Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“

6 февруари 2024

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села. […]

Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

6 февруари 2024

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити. „Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта […]

Таравари: Куршумот потсетува на Италија кога мафијата го уби Фалконе

5 февруари 2024

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. „Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот […]

Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

5 февруари 2024

Кулминира внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците, меѓу лидерот на партијата Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села, која постоеше и претходно, но зовре при отворањето на прашањето за коалицирање на претстојните избори. Таравари неодамна беше кај косовскиот премиер Албин Курти заедно со опозиционерите, а вчера објави дека со потписи добил подршка […]

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

20 ноември 2023

Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот […]

Алијанса бара МВР да открие кој се заканува на Агенцијата за одземен имот

18 ноември 2023

Владејачката партија Алијансата за Албанците денеска побара од полицијата да открие кој се заканува на вработените и на директорот на Агенцијата за одземен имот. Ваквата реакција на партијата следи откако деновиве реагираше и директорот на оваа агенција Дритон Небиу, кој се пожали на притисоци. „Деновиве криминалци потврдени со судски решенија им се заканувале на вработените […]

Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

14 ноември 2023

СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема. Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и […]

Зуди Кока е предлог за директор на МЕПСО

12 септември 2023

Алијанса за Албанците го предложила Зуди Енузи Кока за директор на МЕПСО, јави Радио Слободна Европа. Тој го поминал филтерот кај Надзорниот одбор и се очекува неговото назначување само да се официјализира. Зуди Кока доаѓа од компанијата, бидејќи до сега бил шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди. На јавноста ѝ […]

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите

31 јули 2023

Различни толкувања од политичките партии има по вчерашното поднесување на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ велат дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни […]

Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

12 јуни 2023

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе […]

Алијанса за Албанците: Нема враќање во времето на доминација на еден етникум

2 април 2023

Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време, соопшти политичката партија Алијанса за Албанците коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија во Уставот повеќе да не се окарактеризира како мултиетничка држава. Ваквиот став опозициската ВМРО- ДПМНЕ го соопшти како реакција на тезите за промена на Уставот […]

Шабани: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе ги поддржат уставните измени

11 март 2023

Одлучивме да станеме дел од парламентарното мнозинство бидејќи на овој начин овозможуваме да се постигне потребниот број за изгласување на уставните измени. Вака ја образложува одлуката на приклучување на Алијанса за Албанците (АА) во Владата, Исен Шабани, организациски секретар на партијата и градоначалник на Општина Врапчиште. Тој во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби рече дека […]

Страна 1 од 7