Власта и опозицијата – „раштиман оркестар“ околу датумот за избори

Секој влече на различна страна на оваа тема, а најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите на ист ден

-

СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ денеска сите поединечно коментираа околу датумот за одржување на парламентарните и претседателските избори наредната година. Секој влече на различна страна на оваа тема.

Најизненадувачка беше денешната најава на ДУИ дека немаат проблем со одржувањето на изборите, односно дека се подготвени во ист ден да се одржат претседателските и парламентарните избори, онака како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи вели дека неговата партија ДУИ нема некој формален став за датумот за избори, бидејќи партиските тела не одржале состанок на партиските тела, но и дополни дека ниедна опција не им е проблем.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека парламентарни и претседателски избори догодина треба да се одржат на ист датум. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска изјави дека одржувањето на изборите во еден ден е логичен чекор, но и дека партијата е подготвена за преговори и договор за датумот за избори во било каков формат.

Дијаметрално спротивен став имаат од СДСМ, кои пак инсистираат изборите да се одржат одвоено. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека тајмингот на изборите, како и дали ќе се оди на одвоени или заеднички избори, ќе биде одлучен на заедничка средба меѓу сите партии кои ќе учествуваат во изборниот циклус.

„Различни партии имаат различно гледање во однос на законските обврски во однос на трошоците кои произлегуваат, но сметам дека пред нас имаме доволно време за да договориме се како што е потребно за Македонија да го продолжи својот пат кон градење на исклучително ниво на демократско општество“, изјави Ковачевски.

Од Алијанса за Албанците пак денеска излегоа со свој став, посочувајќи дека се чувствуваат како понижени откако Собранието не го поддржал предлог-законот за амнестија. Арбен Таравари во изјава за МИА рече дека како партија имаат дилема дали да се оди или не во опозиција.

„Ние до крајот на ноември можеби ќе треба да одржиме седница на централното претседателство, да ги анализираме сите можности и не се исклучува можноста да одиме во опозиција. Ова е турбулентно време кога не се знае кој за кого работи“, изјави Таравари.

Сепак, тој смета дека доколку одат во опозиција, местото во Државната изборна комисија ќе треба да им припадне на нив, а не на новоформираната албанска коалиција од Беса, Алтернатива и Демократското движење.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...