fbpx

Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците

-

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села.

Бујаре Абази е потпретседателка на Алијансата, која застана на страната на Таравари кој реши да влезе во коалиција со опозициските партии на Албанците, одлука на која се противи Села.

Попладнево кадровската комисија на Алијансата за Албанците, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити кои исто така го поддржуваат Таравари. Вечерва тие одржаа прес-конференција на која изјавија дека нема да прифатат да бидат разрешени. Според нив, во партијата постои група која „за нејзини цели, кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“.

„Третата седница на Владата на РСМ се одвиваше надвор од сите процедури што ги имаме и, за жал, Артан Груби одлучуваше која точка да помине и која да не помине. Сакаме да ве информираме дека Артан Груби, за сите проекти за кои се надлежни МИОА и МЗ едноставно, без да ги чита ги одбиваше, а за жал техничкиот премиер тоа го аминуваше. Од вчера еден дел од групата на АА прават притисок врз директорите, сѐ со цел директорите да бидат на нивна страна. Исто така, денеска на седница на Влада имавме една од точките која беше разрешување на двајца директори од Алијанса. Едната е Бујаре Абази, директор на АД ‘Македонски пошти’ и вториот директор е Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции. И двајцата исклучителни активисти на Алијанса за Албанците и ние ова директно го цениме како фрлање масло на огнот од страна на ДУИ, но за жал договорени со двајца наши заменик-министри коишто за жал гласаа за разрешување на овие директори“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Меџити и Алиу рекоа дека ќе се борат до крај за да докажат дека ова што се случува со активистите во партијата не е демократски чин и дека веројатно на некој му пречат резултатите што ги имаат министрите на АА.

„Најверојатно очекуваат да нѐ фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва велиме дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии, нека пробаат“, изјавија двајцата министри на прес-конференција пред Владата.

Третиот министер во Владата од Алијанса за Албанците е министерот за правда Кренар Лога, кој застана на страната на Зијадин Села, претседател на партиското Централно собрание.

За в сабота е закажана седница на централното претседателство, кога конечно ќе се знае судбината на политичката партија.

Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...