Таг: разрешувања
таг: разрешувања
Бесијa Иљази не е разрешена зашто е Албанка
Разрешувањето на Бесиjа Иљази од функцијата економски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје предизвика спинувана невистинита реакција од лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, кој де факто тврди дека таа е разрешена од новиот министер Арбен Таравари зашто е Албанка, која се борела против албанофобијата на Клиниката и генерално. Хоџа не кажува ниту дека е започнат процесот...
Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“
На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села.
Бујаре Абази е потпретседателка на...
Поради несовесно работење, разрешени државните правобранители на Скопје и Струга
На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на вчерашната владина седница била донесена одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.
„Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и...
Еднодневна владина голгота за избор на ново раководство во М-НАВ
Речиси цел ден траеше голготата за предлог на ново раководство на М-НАВ. Владата првично ги предложи Илир Мехмети (поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба) и Милан Кораќ (оперативен инженер техничар во М-НАВ) за нови директори на М-НАВ.
Но, само што беше именуван Мехмети, Владата на истата седница ја смени одлуката под притисок на Синдикатот на контролорите на...
Додека трае војната, нови оставки и смени на функционери од украинското раководство
Украинскиот заменик министер за одбрана, Вјачеслав Шаповалов си поднесе оставка на функцијата, по медиумските обвинувања за корупција, иако и тој и украинското Министерство за одбрана тврдат дека се неосновани, пренесува Гардијан. Шаповалов беше одговорен за снабдување на украинските војници со храна и воена опрема, а од Министерството за одбрана велат дека неговата оставка сепак е достоен чин што ќе...
Рашковски до ВМРО-ДПМНЕ: Тој што ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на својот фејсбук-профил одговори на потегот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која поднела кривична пријава против него поради злоупотреба на службената положба и овластување.
„Господа од ВМРО-ДПМНЕ, кој и да ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен и треба да му се земе дипломата (ако ја има). Повелете краток час по кривично право од професорот“, напиша...
Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници
Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите.
Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...
Со чистка на актерите од „бомбите“, СДСМ го спрема теренот за избори
Преку активностите на своите министри во најважните владини ресори и институции, сè поочигледно е дека СДСМ го подготвува теренот за престојните предвремени парламентарни избори, за кои лидерот на партијата, Зоран Заев, во секоја пригода истакнува дека мора да бидат кристално чисти.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во декември ги разреши началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Куманово,...