Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека не одговара пред никого, освен пред претседателот на партијата Арбен Таравари

-

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

„Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Инаку, вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ се сретна со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и со дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

Фото: Фејсбук профил на Азир Алиу

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека нема намера да се изјаснува дали има чувство на припадност кон оваа влада или не, како што побара техничкиот премиер од министрите на Алијанса за Албанците кои го поддржуваат Таравари. Тој рече дека не одговара пред никого, освен пред претседателот на партијата Арбен Таравари.

И министерот Азир Алиу е истомисленик со Меџити, па оттаму, голема е веројатноста доколку се подели Алијанса, двајцата министри да бидат разрешени.

Третиот министер во Владата од Алијанса за Албанците е министерот за правда Кренар Лога, кој застана на страната на Зијадин Села, претседател на партиското Централно собрание.

Села е со став дека Алијанса за Албанците не треба да влегува во предизборни коалиции со албанската опозиција, додека Таравари ја предводи иницијативата за изборно коалицирање со здружениот Европски сојуз за промени, каде што се вклучени Алтернатива (Африм Гаши), Демократско движење (Изет Меџити) и партијата Беса (Билал Касами).

За в сабота е закажана седница на централното претседателство, кога конечно ќе се знае судбината на Алијанса за Албанците.

Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

 

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...