Врие во Алијанса за Албанците, на конец виси тандемот Таравари-Села

В сабота официјално ќе се пресече - дали на изборите партијата ќе оди сама или со опозицискиот Европски сојуз за промени во кој се обединети Алтернатива, Демократско движење и партијата Беса. Како и да е, и едната и другата одлука можат да доведат до целосен раздор во партијата

-

Кулминира внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците, меѓу лидерот на партијата Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села, која постоеше и претходно, но зовре при отворањето на прашањето за коалицирање на претстојните избори.

Таравари неодамна беше кај косовскиот премиер Албин Курти заедно со опозиционерите, а вчера објави дека со потписи добил подршка од мнозинство од партиското собрание за коалицирање со албанската опозиција. Косовскиот премиер им предложил на лидерите на поголемите албански партии во земјава (освен ДУИ) сите да излезат со заеднички кандидат за шеф на државата. Зад ставот на Таравари за коалицирање застанаа министрите за информатичко општество и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити, како и дел од пратениците и партиското раководство. Села, пак, го поддржуваат министерот за правда Кренар Лога и двајцата партиски потпретседатели Елми Азири и Илире Даути, кои велат дека Таравари како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се оддалечуваме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самоконтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, напиша денеска Лога во објава на Фејсбук.

Но, смиреност и самоконтрола во случајов изостанува. Па така, неиспукан куршум од автоматско оружје утринава беше пронајден пред куќата во која живее Таравари во Гостивар. Според полицијата, станува збор за зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри.

Дополнително, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, исто така од редовите на Алијансата за Албанците, синоќа бил физички нападнат во ресторан во Тетово. Нападот, според неговата пријава во полиција, го извршил Кренар Османи, водач на навивачката група „Балисти“. Небиу за Порталб.мк изјави дека не го познава Османи, но, според него, мотивот може да биде или неговата професија или партијата. Небиу отворено го поддржува Зијадин Села, кој синоќа побара разрешување на Таравари.

Ставот на Села е дека нема никаква одлука за влегување во коалиција пред избори, додека Таравари ја предводи иницијативата за изборно коалицирање со здружениот Европски сојуз за промени, каде што се вклучени Алтернатива (Африм Гаши), Демократско движење (Изет Меџити) и партијата Беса (Билал Касами).

Синоќа на прес-конференција, Села беше дециден дека нема никаква одлука за влегување во коалиција пред избори, а Таравари го обвини за кршење на партискиот статут и најави дека ќе бара одговорност од него на седница на централното претседателство в сабота. Тогаш и официјално ќе се знае и ќе се пресече – дали на изборите партијата ќе оди сама или со опозицискиот Европски сојуз за промени. Како и да е, и едната и другата одлука можат да доведат до целосен раздор во партијата.

Ковачевски: На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или на Исток

Експремиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека е загрижен за случувањата, потенцирајќи ги двата инцидента што се случија во партијата. Тој повика ригорозно да се интервенира и МВР да ги расчисти случаите. Во однос на кулминацијата во внатрепартиските случувања, Ковачевски рече дека „секоја политичка партија ги бира своите коалициски партнери согласно вредностите кои ги дели“.

„На изборите во 2024 година ќе имаме два блока на политички партии, едниот кој ќе биде за европски интеграции и другиот кој ќе биде за изолација. Едниот блок кој ќе биде за Северна Македонија членка на ЕУ, дел од Западна Европа, а вториот блок, со нејасна алтернатива и необјаснета од никого, која што ќе гледа повеќе на Исток отколку на Запад. На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток, дали ќе оди за Европа или ќе оди за некакви недефинирани алтернативи коишто никој не ги објаснува. Тоа е сепак нивна одлука“, изјави лидерот на СДСМ.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...