fbpx

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Премиерот Ковачевски денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори.

„Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека финалните ставови во однос на датумот за одржување на изборите ќе бидат соопштени откако парламентарните политички партии ќе постигнат поширок консензус по ова прашање.

Премиерот Ковачевски е сигурен дека СДСМ ќе излезе како победник од претстојните избори што би се одржале во мај догодина.

Инаку, ДУИ веќе соопшти дека нема проблем со датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори на ист датум. Бујар Османи минатата недела кажа дека тие како партија немаат никаков проблем со датумот за избори.

И од Алијанса за Албанците посочија дека се на став оти двата изборни циклуса треба да се одржат на ист датум.

ВМРО-ДПМНЕ пак веќе го предложи 8 мај како датум за одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори во земјава. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска со денешната изјава на премиерот Ковачевски рече дека токму тоа бил чекорот што го барале и очекувале од неговата партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека споени избори се единствениот логичен расплет на настаните за да се избегнел грч на стопанството и да се избегнат зголемени трошоци за граѓаните од разделените избори.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...