Мостот на Црна Река ќе се поправа 60 дена, за да тргнат возовите кон Гевгелија

Бочварски вели дека нуркачкиот тим што бил обезбеден од Министерството за внатрешни работи утврдил лоша состојба на темелите, додавајќи дека ќе ги почекаат анализите од експертите

-

Темелот на еден од столбовите на железничкиот мост на Црна Река кај Стоби е во многу лоша и очајна состојба. За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој најави дека ќе биде потребна поголема и потемелна санација на железничкиот мост пред да тргнат возовите на Коридорот 10.

Бочварски вели дека нуркачкиот тим што бил обезбеден од Министерството за внатрешни работи, утврдил лоша состојба на темелите, додавајќи дека ќе ги почекаат анализите од експертите, по што владата и јавното претпријатие за железничка инфраструктура ќе одлучат дали ќе се санира постојниот мост или ќе се гради целосно нов мост. Тој очекува веднаш по експертските анализи да се влезе во постапка на санација.

„Очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност, и реализација на комплетно нов мост којшто ќе биде траен, а не да ни се случуваат вакви пукнатини во една од главните транзитни точки на Коридорот 10“, изјави министерот Бочварски.

Додека не се санира мостот, железничкиот превоз на пругата меѓу Велес и Гевгелија е во прекин, а со тоа не сообраќаат ниту транзитните возови на пругата долж Коридорот 10, што уште повеќе ќе ја влоши состојбата со двете железнички претпријатија во земјава.

Од 14 ноември во целосен прекин е товарниот и патничкиот железнички превоз поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско.

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

Инаку, поради проблеми со истиот мост на Црна Река во 2018 година, во целосен прекин беше железничкиот сообраќај на Коридорот 10. На 2 октомври 2018 година беше сопрено движењето на возовите поради напукнат столб на мостот. Тогаш беше спроведена итна санација на мостот, но железничкиот превоз беше во прекин повеќе од еден месец и беше повторно ставен во функција на почетокот од ноември 2018 година.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...