fbpx

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

Поради проблеми со идентичниот мост на Црна река во 2018 година во целосен прекин беше железничкиот сообраќај на Коридорот 10 повеќе од еден месец, што предизвика огромни проблеми во стопанството

-

Нов прекин на патничкиот и товарниот железнички сообраќај на пругата Велес-Гевгелија поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско. Од вчера во целосен прекин е сообраќајот од 15:25 часот, а за патниците се организира автобуски превоз, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Согласно информирањето од Македонски железници дека поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија-Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско (во близина на Стоби), железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин“, информираат од ЦУК.

Експерти од Градежниот факултет на УКИМ во текот на денов е планирано да излезат на терен за да извршат увид во состојбата. За патниците се организира автобуски превоз.

„Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици (Градско и Криволак), патниците се превезуваат со автобуски превоз“, информираат од ЦУК.

Инаку, поради проблеми со идентичниот мост на Црна река во 2018 година во целосен прекин беше железничкиот сообраќај на Коридорот 10. На 2 октомври 2018 година беше сопрено движењето на возовите поради напукнат столб на мостот. Тогаш беше спроведена итна санација на мостот, но железничкиот превоз беше во прекин повеќе од еден месец и беше повторно ставен во функција на почетокот од ноември 2018 година.

Поради ваквиот прекин на сообраќајот, огромни штети претрпе особено стопанството, поради непостоењето на алтернативна рута за превоз на стоки до солунското пристаниште и обратно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...