fbpx

По повеќе од еден месец прекин, ќе сообраќа возот Скопје- Гевгелија

Железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 Ноември поради напукнат столб на мостот, по што се направи санација на средниот столб и на главните носачи на мостот

-

Железничниот мост на реката Црна кај Градско е саниран и железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија може да продолжи. Јавното претпријатие Македонски Железници –Инфраструктура вчера изврши пробно оптеретување на мостот, кој беше вон функција месец ипол и донесе одлука дека возот кон Гевгелија ќе може да сообраќа.

За санацијата на железничкиот мост на реката Црна денеска се заблагодари и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. „Честитки за вредните инженери, градежни работници и професори кои за 35 дена превземаа комплексна градежна активност за реконструкција на носечкиот столб на железничкиот мост кај Градско“, напиша Бочварски на својот Фејсбук профил.

Железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 Ноември поради напукнат столб на мостот, по што се направи санација на средниот столб и на главните носачи на мостот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...