fbpx

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

Во периодот од 3 до 5 јануари ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот на Црна Река кај Стоби, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ

-

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија е во прекин поради напукнат столб на Железничкиот мост на Црна Река. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура веднаш пристапи кон санација на средниот столб и на главните носачи на мостот. До крајот на годинава треба да завршат итните градежни работи за санација на мостот, кои ги изведува фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје.

Поради оштетениот мост, товарниот железнички превоз на пругата Велес-Гевгелија е во прекин во текот на втората половина од ноември и декември 2023 година. Патничките возови пак сообраќаат од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија, додека меѓу Градско и Неготино превозот на патници се одвива со автобус.

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура појаснуваат дека со пуштањето во употреба на санираниот мост на Црна Река ќе биде во целост функционална пругата кон Гевгелија. Истовремено, веќе е завршен ремонтот на пругата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар. Овие градежни работи се комплетираа во изминативе месеци, при што со реализираната инвестиција се обезбеди зголемување на брзината на движење на возовите на 100 километри на час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...