вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: железница | 215 резултати

Иницијативноста за довршување на патниот и железничкиот Коридор 8 – белег на 2023

јануари 7, 2024

Решителноста на македонската влада да работи интензивно на изградбата на оската исток-запад, односно на реализацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 кој минува низ нашата земја е белегот на инфраструктурната 2023 година. Изминативе 12 месеци, изјавите на политичарите, невладиниот сектор и останатите субјекти во општеството, но и конкретните потези што беа преземени, му дадоа приоритет […]

По повеќе од еден месец прекин, ќе сообраќа возот Скопје- Гевгелија

јануари 6, 2024

Железничниот мост на реката Црна кај Градско е саниран и железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија може да продолжи. Јавното претпријатие Македонски Железници –Инфраструктура вчера изврши пробно оптеретување на мостот, кој беше вон функција месец ипол и донесе одлука дека возот кон Гевгелија ќе може да сообраќа. За санацијата на железничкиот мост на реката Црна […]

Воспоставен сообраќајот на пругата Велес-Гевгелија

јануари 5, 2024

Од денеска во 14 часот повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија. Испитувањата и техничкиот прием на санираниот мост на Црна Река кај Стоби се завршени, по што е ставен во функција товарниот и патничкиот железнички превоз, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата […]

Српски приватни компании заинтересирани да возат по македонските пруги

јануари 4, 2024

Државното акционерско друштво Железници на РСМ-Транспорт од почетокот на годинава добива конкуренција. Неколку приватни оператори за товарен железнички сообраќај од Србија веќе пројавиле интерес и подготвеност за влегување на нашиот пазар на почетокот од 2024 година, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Интерес кај српските компании има за превоз […]

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

декември 29, 2023

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното […]

Над 560 милиони евра обезбедени за пругата кон Бугарија и заеднички железнички премин со Србија

декември 12, 2023

За изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија меѓу Крива Паланка и Деве Баир се обезбедени 500 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изјави дека над 560 милиони евра се обезбедени за реализација на значајни крупни инфраструктурни проекти во железничката инфраструктура. Освен за пругата кон Бугарија, обезбедени се и 7,5 […]

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

декември 8, 2023

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите […]

Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

ноември 24, 2023

Железници на РСМ-Транспорт 10 дена ја поправаше локомотивата која го влече единствениот воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје. По 10 дена пауза, возот вчера во 14:30 часот тргна од Скопје за Битола и треба да сообраќа редовно во наредниот период, и во правецот од Битола за Скопје со поаѓање во 3:13 часот. Возовите не сообраќаа 10 дена, […]

Бочварски смета дека железницата е бунар без дно, кон Битола нема ниеден воз

ноември 20, 2023

Министерот Благоја Бочварски и македонската влада, исто како и граѓаните, се незадоволни од функционирањето на Македонски железници – Транспорт. Тој денеска коментираше дека државното железничко претпријатие постојано добива субвенции од владата, а финансиската поддршка годинава достигнала до 25 милиони евра. На овој начин, тој денеска ја коментираше лошата состојба во ова претпријатие, кое изминатиов период […]

Мостот на Црна Река ќе се поправа 60 дена, за да тргнат возовите кон Гевгелија

ноември 20, 2023

Темелот на еден од столбовите на железничкиот мост на Црна Река кај Стоби е во многу лоша и очајна состојба. За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој најави дека ќе биде потребна поголема и потемелна санација на железничкиот мост пред да тргнат возовите на Коридорот 10. Бочварски вели дека нуркачкиот […]

Железницата во голгота, напукнат мост ги сопре возовите на Коридор 10

ноември 15, 2023

Нов прекин на патничкиот и товарниот железнички сообраќај на пругата Велес-Гевгелија поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско. Од вчера во целосен прекин е сообраќајот од 15:25 часот, а за патниците се организира автобуски превоз, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Согласно информирањето од Македонски железници […]

Мета факт: Не е исполнето ветувањето за изработка на проект за пруга до скопскиот аеродром

ноември 14, 2023

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства […]

Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

ноември 13, 2023

Патничките и товарните возови од денеска повторно сообраќаат, откако раководството на Железници на РСМ-Транспорт на вработените им ги исплати патните трошоци за октомври. Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот. Од петокот попладне до денес претпладне во прекин беше железничкиот превоз, поради бојкотот што го […]

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

ноември 10, 2023

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 16 часот е во прекин, откако машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт стапија во бојкот поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот. Засега нема информации до кога ќе […]

Владата ќе издвои 15,7 милиони евра за Железници-Транспорт преку издавање акции

ноември 8, 2023

Преку издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, од Владата на РСМ ќе одвојат дополнителни 15,7 милиони евра за Железници на РСМ-Транспорт. На овој начин, ќе се помогне работењето на државната железничка компанија, која има огромен долг од околу 64,9 милиони евра заклучно со првото полугодие од 2023. Од Комисијата за […]

Возобновена железничката линија од македонско-косовската граница до Косово Поле

ноември 5, 2023

Премиерот на Косово Албин Курти вчера пушти во употреба два обновени тунела на железничката линија од македонско-косовската граница до Косово Поле. Со тоа по подлог период, односно од рушењето на мостовите во војната во 1998-99 година, повторно е во употреба железничкиот транспорт во овој дел од Косово. Според Курти, ова е еден од најзначајните настани […]

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога

ноември 5, 2023

Стружните служби во Железници на РСМ-Транспорт интензивно работат на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од раководството на државната компанија откако на 25 октомври беа укинати по два воза дневно на […]

Германија од декември ја зголемува патарината за камиони

октомври 22, 2023

Германија планира да ја прошири наплатата на патарина за товарните возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната, но и на железничката мрежа, јавува германската новинска агенција ДПА. Германскиот парламент во петокот го усвои измените на Законот за патарина, со кои од декември се воведува дополнителна такса за […]

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно

октомври 22, 2023

Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 […]

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

октомври 16, 2023

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги – Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол […]

Страна 1 од 11