Владата ќе издвои 15,7 милиони евра за Железници-Транспорт преку издавање акции

Издавањето на акции ќе овозможи Железници на РСМ-Транспорт да добие од владата дополнителни средства за нормализација на нејзиното работење

-

Преку издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, од Владата на РСМ ќе одвојат дополнителни 15,7 милиони евра за Железници на РСМ-Транспорт. На овој начин, ќе се помогне работењето на државната железничка компанија, која има огромен долг од околу 64,9 милиони евра заклучно со првото полугодие од 2023. Од Комисијата за хартии од вредност информираа дека на 15-тата седница донеле одлука со која на државната железница ѝ даваат одобрение за да ја издадат емисијата на акции.

„Со четвртата емисија, Друштвото ќе издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. Вкупната продажна вредност на емисијата e 962.913.000 денари. Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање. Приватната понуда е наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Влада на Република Северна Македонија, како институционален инвеститор“, стои во соопштението на Комисијата за хартии од вредност.

Државното железничко претпријатие е во голема криза, надвор од функција се укинатите патнички возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Воедно, речиси секој месец има штрајк на вработените во Железници на РСМ-Транспорт поради доцнење со исплатата на плати.

Инаку, Министерството за транспорт и врски за Мета.мк минатата недела објаснија дека годинава од државниот буџет досега биле префрлени околу 10 милиони евра за помош на патничкиот железнички сообраќај, како и за покривање на другите тековни трошоци. Лани биле трансферирани 15 милиони евра кон железничкото претпријатие.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...