понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: акции | 41 резултати

Стриминг платформата „Глеј“ понуди акции на Македонската берза

јуни 25, 2025

Компанијата Свод Мастер, сопственик на стриминг платформата „Глеј“, денеска објави дека започнува со процес на докапитализација преку иницијална јавна понуда на Македонската берза – прв ваков потег на домашна технолошка и медиумска компанија. На јавната понуда се ставени 200.000 обични акции по цена од 600 денари, со вкупна вредност од 120 милиони денари. Според информациите […]

Илон Маск вели дека ја продал „Икс“ на неговиот стартап „xAI“ за 45 милијарди долари

март 28, 2025

Илон Маск објави дека ја продал својата социјална мрежа „Икс“, на „xAI“, стартапот за вештачка интелигенција што тој го основа во 2023 година, во необичен договор што може да покрене прашања за судир на интереси, пренесува Њујорк Тајмс. . Договорот, кој е целосно во акции, ја проценува вредноста на xAI на 80 милијарди долари, а […]

Големи падови на светските берзи по распродажбата на Волстрит предизвикана од тарифите на Трамп

март 11, 2025

Европските и азиските берзански индекси беа мешани во вторникот, следејќи ја распродажбата на Волстрит предизвикана од загриженоста за ефектите од тарифите на претседателот Доналд Трамп, пренесува Асошиејтед Прес. Фјучерсите за S&P 500 и Dow Jones Industrial Average се зголемија за 0,3%. Германскиот DAX порасна за 0,6% на 22.764,82, додека CAC 40 во Париз додаде 0,7% […]

Владата ќе издвои 15,7 милиони евра за Железници-Транспорт преку издавање акции

ноември 8, 2023

Преку издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, од Владата на РСМ ќе одвојат дополнителни 15,7 милиони евра за Железници на РСМ-Транспорт. На овој начин, ќе се помогне работењето на државната железничка компанија, која има огромен долг од околу 64,9 милиони евра заклучно со првото полугодие од 2023. Од Комисијата за […]

Почнува распродажбата на имотот на Мијалков запленет во „Империја“

јули 19, 2023

На Македонска берза денеска и во следните четири дена на тргување ќе бидат ставени акциите запленети од Сашо Мијалков во предметот „Империја“. Акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Арселор Митал“, Стопанска Банка – Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нивен сегашен сопственик е Агенцијата за управување […]

Итниот заем на Кредит Свис ги разгорува банкарските стравови

март 16, 2023

Банката Кредит Свис (Credit Suisse) ги објави своите планови да позајми до 50 милијарди швајцарски франци од швајцарската Централна банка за да ја подобри својата финансиска состојба, пренесе Би-би-си. Банката ја призна потребата да се преземе решителна акција за поедноставување и зајакнување на нејзиниот бизнис. Оваа објава резултираше со пад од 24% на акциите на […]

Народна банка смирува: Пропаѓањето на американската банка нема директни ефекти кај нас

март 14, 2023

Пропаѓањето на американската Sillicon Valey Bank (Банка на Силициумската Долина) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање, порача Народната банка на Северна Македонија. Оттаму велат дека билансите на нашите банки […]

Пад на акциите на „Кока-кола“ по потегот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо

јуни 16, 2021

Акциите на компанијата за пијалоци „Кока-кола“ паднаа значително по потегот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој на прес-конференција на Европското првенство во фудбал отстрани од видик две шишиња со најпознатиот пијалок на оваа компанија и порача дека треба да се пие вода. За време на прес-конференцијата во пресрет на мечот помеѓу Унгарија и Португалија, фудбалската […]

Редит заедницата и платформата „Робинхуд“ во фокус на сослушувањето за случајот „Гејмстоп“

февруари 20, 2021

Берзанската сага што започна со луди промени во цената на акциите на „Гејмстоп“ минатиот месец дојде до ново поглавје – сослушување на Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом, кој ги испрашува најважните играчи вклучени во приказната. Претседателката на Комитетот, Максин Вотерс, сослушувањето го наслови „Играта запре (Game Stopped) – Кој победува и кој губи […]

Санкционирани 269 возачи во Скопје, 17 биле под дејство на алкохол

февруари 7, 2021

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, 6 февруари, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 269 мерки, меѓу кои, за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина […]

„Гејмстоп“: Продолжува војната помеѓу Волстрит и Реддит заедницата

февруари 3, 2021

Американската берза изминативе три недели доживеа потрес откако група корисници на мрежата „Реддит“ одлучија да им се спротивстават на големите инвеститори од Волстрит и да играат против нивните мултимилионски обложувања. Голем број корисници на Реддит во групата „wallstreetbets“ започнале со купување на акции во компанијата за видео игри и забава „Гејмстоп“, пркосејќи им на инвеститорите […]

Планинарски тури на Шар Планина треба да се пријавуваат во СВР-Тетово

февруари 4, 2019

Сите што организираат планинарски акции на Шар Планина, организирани преку планинарски клуб или индивидуално, акциите треба да ги пријават во СВР – Тетово писмено или усмено. „При пријавување, пожелно е да посочат односно информираат каде поконкретно ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку евентуално […]

Јовановски: Братучедот на Заев купил дел од „Герас Цунев“ по багателна цена

септември 9, 2017

„Κланот Заеви повторно со матни зделки го шират бизнисот и купуваат компании по багателни цени. Трајче Заев со само 10 евра за квадратен метар стана сопственик на конфекцискиот гигант ’Герас Цунев’“, рече на прес-конференција пред Владата денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. Тој појасни дека Трајче Заев за само 20.000 евρа купил 22,25 пρоценти аκции од […]

Независни институции почнаа процес на вреднување на компании во Македонија

април 12, 2017

Технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа почна да воведува услуга вреднување на компании, прва од ваков вид во Македонија. Вреднувањето на компаниите е широко распространета практика во земјите од Западна Европа и една од целите е да се утврди колку фирмите имаат капацитет во иднина да пораснат на пазарот на трудот. – Има четири […]

Српската „Адриа медиа груп“ го купи „Слободен печат“

октомври 26, 2016

Компанијата „Адриа медиа груп“ (Adria Media Group) го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“ и со тоа стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава дневниот весник „Слободен печат“, соопшти Бранко Героски, главен и одговорен уредник на весникот. „Разговорите и преговорите со сопствениците на издавачкото претпријатие „Слободен […]

Вредноста на акциите на Лондонската берза се зголеми, фунтата падна

јули 6, 2016

Најновите мерки на Централната банка на Англија денеска ја подигнаа вредноста на акциите на Лондонската берза, но фунтата повторно падна. Индексите на европските берзи во Европа, САД и во Азија паднаа бидејќи трговците продолжија да ја следат кризата во италијанскиот банкарски сектор. Имено, Европската централна банка предупреди дека банката „Монте деи Паски де Сијена“, која […]

Брексит ги урна светските берзи, фунтата изгуби дел од вредноста

јуни 24, 2016

Брексит предизвика економски тектонски движења на светските берзи, со голем пад на вредноста на индексите, но и на британската валута која е на најниско ниво од 1985 година. Фунтата падна за речиси 9 отсто и чини 1,34 долари, што претставува најниско ниво во последните 31 година. Стручњаците предупредуваат дека вредноста на фунтата ќе падне и до 1,2 […]

Јапонската „Софт банка“ го продава уделот во „Алибаба“ за 7,9 милијарди долари

јуни 1, 2016

Јапонската „Софт банка“ соопшти дека ќе го продаде сопственичкиот удел во најголемиот кинески онлајн сајт за продажба „Алибаба“ во вредност од најмалку 7,9 милијарди долари. Aгресивната активност на банката за преземање на фирми ги намалила нејзините финансиски средства, па долгот во март изнесувал 106 милијарди долари. Продажбата на акции ќе го намали досегашниот сопственички удел […]

„Алфа банка “ станува „Силк роуд банка“

мај 10, 2016

„Алфа банка“ соопшти дека целиот нејзин акционерски капитал вчера бил купен од „Силк роуд капитал“ и ќе се преименува во „Силк роуд банка“. Како што велат оттаму, компанијата е во сопственост на приватен инвеститор од Швајцарија, чија главна дејност е инвестирање во финансискиот сектор во регионот и тоа, според соопштението на банката, успешно го прави во […]

Саудиска Арабија ќе формира најголем државен фонд во светот од 2.000 милијарди долари

април 26, 2016

Саудиска Арабија на берза ќе продаде помалку од пет отсто од акциите на државниот нафтен гигант „Арамико“ и ќе го формира најголемиот државен фонд на светот од 2.000 милијарди долари, што е во рамките на големиот план за реформи чија цел е намалување на зависноста на земјата од нафтата. Заменикот на саудискиот претстолонаследник Мохамед бин […]

Страна 1 од 2