Саудиска Арабија ќе формира најголем државен фонд во светот од 2.000 милијарди долари

Саудиска Арабија на берза ќе продаде помалку од пет отсто од акциите на државниот нафтен гигант „Арамико“ и ќе го формира најголемиот државен фонд на светот од 2.000 милијарди долари, што е во рамките на големиот план за реформи чија цел е намалување на зависноста на земјата од нафтата.

Заменикот на саудискиот претстолонаследник Мохамед бин Салман е иницијатор на планот за реформите наречени „Саудиска визија 2030“ . Тој ја бранеше одлуката „Арамико“ да се отвори за локален и за странски капитал и наведе дека тоа ќе обезбеди транспарентност во управувањето со тој нафтен гигант.

Целта на планот е диверзификација на економијата на Саудиска Арабија, која во голема мера зависи од нафтата.