Трите стана на Мијалков на Водно продадени на лицитација за 332.376 евра

Законот кажува децидно дека секој граѓанин, физичко или правно лице, има право да учествува во јавното наддавање, освен ние ваботените во Агенцијата и осуденото лице. Секој друг има право да учествува во јавното наддавање, рече Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

-

Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, денеска соопшти дека по пат на аукција, биле продадени трите одземени станови на Сашо Мијалков а парите од продажбата, 332.376 евра, биле вратени во државниот буџет.

Станува збор за продажба на аукција на вкупно три стана – на улицата „Славејко Арсов“ од 78 квадратни метри, како и два стана од по 73 квадратни метри и гаража од 30 квадратни метри.

„Имаше наддавање, постапката се одвиваше непречено и продажбата заврши успешно. Со ова, во државниот буџет ќе бидат уплатени 332.376 евра. Продолжуваме понатаму, во најскоро време ќе објавиме огласи за продажба и за други недвижности за кои имаме правосилни судски одлуки“, рече Небиу.

Тој кажа дека цел на Агенцијата е сите недвижности кои се конфискувани, тие да ги стават на јавна аукција и тие пари потоа да ги вратат на граѓаните, односно во буџетот на државата.

„Законот кажува децидно дека секој граѓанин, физичко или правно лице, има право да учествува во јавното наддавање, освен ние ваботените во Агенцијата и осуденото лице. Секој друг има право да учествува во јавното наддавање. Ги охрабрувам во секоја следна аукција, отсега натаму, граѓаните да аплицираат слободно зошто законот е над сите нас. Ние го почитуваме и ќе продолжиме без пречки и застој во нашето понатамошно управување со Агенцијата за одземен имот“, рече директорот.

Поранешниот директор на УБК призна вина за предметот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството, по што државата му конфискуваше имот во вредност од 15.000.000 евра.

На 6 септември, Мета објави дека Агенцијата за управување со недвижен имот на лицитација ги продала двата стана во Охрид и градежното неизградено земјиште во Радња за 244.000 евра во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.

Едниот стан во Охрид на Мијалков беше од 46 квадратни метри (плус 19 квадратни метри помошни простории) и беше со почетна цена од 94.000 евра. Другиот (58 квадратни метри и помошни простории од 56 квадратни метри) се продаваше за 146.000 евра. Станува збор за два стана во иста зграда. На продажба беше ставено и градежно неизградено земјиште во Радња, кое исто така било во сопственост на Мијалков.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...