За половина денар од ноќеска на полноќ ќе поевтинат бензините и дизел горивото, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Новата цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 79,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,5 денари за литар.
Дизел горивото, пак, по поевтинувањето, ќе чини 76,5 денари за литар.
Маслото за горење останува со цена од 75,5 денари за литар, додека мазутот ќе има нова пониска цена од 42,517 денари за килограм.