fbpx

Мијалков доби ослободителна пресуда за „Трезор“

Нема пресуда и за Горан Грујевски и Тони Јакимовски, а поради застареност запре постапката и против обвинетиот Небојша Стајковиќ

-

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“. Како што кажа судијката која го водеше предметот, јавниот обвинител не докажал дека обвинетите го сторите делото за кое се обвинуваат.

Нема пресуда и за Горан Грујевски и Тони Јакимовски, а поради застареност запре постапката и против обвинетиот Небојша Стајковиќ.

Предметот „Трезор“ се однесуваше на злоупотреба на пари од буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во овој случај првообвинет беше Мијалков, тогашниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...