сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: трезор | 41 резултати

Во Судот се слушнаа четири „бомби“ за „Трезор“, следно рочиште на 10 септември

јуни 28, 2018

На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР. На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков […]

Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

јуни 28, 2018

Поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен. -Не сум виновен – рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски. Сите тројца рекоа дека разбрале за што […]

На Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Трезор“

јуни 28, 2018

По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. На обвинетиот ексначалник во УБК Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство. На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет. Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ одлучи […]

Нови рочишта за предметите „Титаник 3“ и „Трезор“,

јуни 28, 2018

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“. Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат […]

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

мај 17, 2018

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба […]

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

март 29, 2018

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, […]

Судењето за „Трезор“ одложено, ќе се чека екстрадиција на Грујевски од Грција

февруари 5, 2018

Судијката Џенета Бегтовиќ го одложи судењето за случајот на СЈО „Трезор“ за 29 март, оставајќи простор за завршување на екстрадицоната постапка за второобвиниетиот Горан Грујевски заради, како што рече, економично и целисходно водење на постапката. Останатите обвинети во случајот, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот помошник министер Небојша Стајковиќ и екс шефот на кабинетот […]

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

декември 29, 2017

Судечките совети кои постапуваат по случаите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство ги одредија термините за главна расправа, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, судењето за „Тенк“ е закажано за 30 јануари, а главната расправа за „Трезор“ за 5 февруари, следната година. Инаку, првообвинета во случајот „Тенк“, кој се однесува […]

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

декември 6, 2017

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ. Според СЈО, осомничените преку фирмата […]

„Шпаркасе“ спроведува истрага заедно со МВР за кражбата од сефовите на банката

декември 5, 2017

„Шпаркасе банка“ – Македонија попладнево испрати соопштение до јавноста дека продолжува со редовно работење со сефовите, откако МВР соопшти дека пет граѓани пријавиле исчезнување на предмети и на пари од сефовите во објект на банката. Како што извести „Нова ТВ“, откако беше објавена информацијата за исчезнувањето вредни предмети и пари од сефовите, пред банката се создал […]

Им ги испразниле сефовите на пет граѓани во „Шпаркасе банка“

декември 5, 2017

Пет граѓани пријавиле во СВР Скопје дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети. Како што извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага.

За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица

јули 7, 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за […]

Парите од НЛБ отишле во Србија, тројца му помагале на Бобан С. во грабежот

април 19, 2017

Единицата за економски и за компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против уште три лица осомничени дека биле вмешани и му помагале на Бобан С. во грабежот на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за братот на Бобан С., […]

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

април 18, 2017

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. – Да, јас сум му адвокат – ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата […]

Кражбата на околу 3 милиони евра од НЛБ, најголем грабеж во историјата на Македонија

април 11, 2017

Случајот од вчера, кога вработен во НЛБ украл речиси 3 милиони евра во франци и во евра од трезорот на банката, е најверојатно најголемиот грабеж во историјата на суверена Македонија. Вечерта едно лице било приведено за овој грабеж, со што случајот влегува во друга интересна статистика – еден од најбргу расчистените грабежи во поновата македонска […]

Приведено едно лице за кражбата на речиси 3 милиони евра од НЛБ

април 11, 2017

Едно лице е приведено во врска со грабежот во НЛБ вчера, на крај на работното време, при што беа украдени речиси три милиони евра од трезорот на банката, соопшти СВР Скопје. Случајот го пријавил директорот на трезорот на банката, вчера во 16.58 часот. Тој кажал дека нивниот вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот […]

Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и 270.000 евра

април 11, 2017

Вработен во НЛБ во Скопје од трезорот на банката вчера украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра. Случајот за „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката. Според информациите на МВР, 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во […]

Мијалков си замина од распитот, судијата ќе решава дали ќе му го земе пасошот

ноември 3, 2016

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, по речиси двочасовен распит го напушти Кривичниот суд. Тој излезе од истиот спореден влез на зградата на Кривичниот суд од каде што и влезе, а неколку минути подоцна и припадниците на специјалните полициски сили го одблокираа влезот. […]

Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

ноември 3, 2016

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска точно напладне се појави во Кривичниот суд Скопје, каде, според информациите, треба да даде исказ за случајот „Трезор“ на СЈО во кој тој е еден од осомничените. Мијалков во судот влезе од споредниот источен влез, придружуван од […]

Кривичниот суд ја замрзна сметката на „Финзи“

октомври 7, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 1 донел решение да се замрзне сметката на фирмата „Финзи“. „Во текот на вчерашниот ден, судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Ова […]

Страна 1 од 2