fbpx

Џафери: Македонија од крајот на јануари со техничка влада пред изборите

Доколку изборите се одржат 8 мај и согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, конститутивната седница на Собранието би се одржала 20 дена по изборите односно до 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година

-

Доколку 8 мај е прифатлив датум за одржување на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, тогаш изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката влада би требало да се формира до 28 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.

Инаку, иако сè уште не е утврден точниот датум за изборите, партиите деновиве сè почесто 8 мај го споменуваат како датум околу кој би можеле да постигнат консензус. Конечниот договор треба да падне наскоро, во декември, на лидерска средба која премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе ја повика.

Џафери денеска рече дека сè уште нема информација оти лидерите на партиите се усогласиле околу датумот на одржувањето на изборите. Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби во Студио 10 на ТВ 24 изјави дека 8 мај е опција за одржување на изборите, иако се паѓа во среда.

„Тоа е последен и најран термин за претседателски и парламентарни избори и така ќе останеме во рамките на редовните избори“, рече Груби.

Доколку изборите се одржат на еден датум на 8 мај, како резултат на Пржинскиот договор, техничка влада би требало да биде избрана кон крајот на јануари, значи 27-28 јануари да се избере техничка влада, изјави Џафери.

Доколку изборите се одржат 8 мај и согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, конститутивната седница на Собранието би се одржала 20 дена по изборите односно до 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...