Итниот заем на Кредит Свис ги разгорува банкарските стравови

Швајцарската национална банка, централна банка во државата, инсистира на тоа дека Кредит Свис ги има потребните пари, но нагласи дека е подготвена да се вклучи и да помогне дополнително доколку е потребно

-

Банката Кредит Свис (Credit Suisse) ги објави своите планови да позајми до 50 милијарди швајцарски франци од швајцарската Централна банка за да ја подобри својата финансиска состојба, пренесе Би-би-си.

Банката ја призна потребата да се преземе решителна акција за поедноставување и зајакнување на нејзиниот бизнис. Оваа објава резултираше со пад од 24% на акциите на банката, што ја зголеми загриженоста за потенцијална банкарска криза, и предизвика падови на берзите, со пад на азиските акции.

Сепак, се очекува пазарите во Европа да се отворат в четврток со повисоки бројки. Според Би-Би-Си, Банката на Англија е во контакт со Кредит Свис и со швајцарските власти, за да ја следат ситуацијата. Швајцарската национална банка, централна банка во државата, инсистира на тоа дека Кредит Свис ги има потребните пари, но нагласи дека е подготвена да се вклучи и да помогне дополнително доколку е потребно.

Минатата недела, САД доживеаја банкарски проблеми со неочекуваниот колапс на банката Силиконска долина и последователниот неуспех на њујоршката Signature Bank што се случи два дена подоцна.

Американската Централна банка мораше да интервенира за да спречи ситуација кога луѓето почнаа да ги повлекуваат своите банкарски депозити поради голема паника. Сер Џон Гив, поранешен заменик-гувернер на Банката на Англија, објасни дека централните банки испраќаат сигнал дека ќе се соочуваат со проблеми од овој тип. Тој додава дека Кредит Свис најверојатно ќе спречи ширење на кризата со тоа што ќе добие поддршка од швајцарската Централна банка.

Потегот на швајцарската Централна банка се смета за силна порака дека ќе спречи колапс на Кредит Свис. Би-Би-Си пренесува дека иако иднината на Кредит Свис останува неизвесна, се очекува швајцарската Централна банка да се погрижи банката да продолжи да работи додека ги реорганизира своите активности и идни потези.

Кредит Свис, основана во 1856 година, се соочи со бројни скандали во последниве години, вклучувајќи обвинувања за перење пари, шпионажа и откази на лица кои се на високи позиции.

Банката претрпе загуби во 2021 и во 2022 година и предупреди дека не очекува да биде профитабилна до следната година. Во вторникот, откривањето на „материјална слабост“ во финансиските извештаи ја обнови загриженоста на инвеститорите.

Даниел Дејвис, управен директор во „Фронтлајн Аналасистс“ и поранешен банкарски аналитичар во Кредит Свис, истакна дека богатите клиенти на банката повлекувале пари во последните шест месеци со зголемено темпо.

„Природата на овие кризи е кога имате вистински масовни истекувања на депозити, тоа е како цунами – луѓето ништо не можат да направат за да се спречи тоа“, рече Дејвис.

Саудиската национална банка, најголемиот акционер на Кредит Свис, ја зголеми загриженоста кога изјави дека нема да купува повеќе акции во швајцарската банка поради регулаторни причини. Во средата, акциите на заемодавачот паднаа бидејќи другите банки побрзаа да ги повлечат своите средства, а се огласија и премиерите на Шпанија и Франција, во обид да ги намалат стравувањата.

Зголемувањето на каматните стапки, што ја намали вредноста на обврзниците што ги поседуваат банките, исто така ја подгреа загриженоста. Централните банки ширум светот ги зголемија каматните стапки во обид да ја ограничат инфлацијата. Банките обично имаат значителни портфолија на обврзници, што резултира со значителни потенцијални загуби. Падот на вредноста на обврзниците што ги поседуваат банките не е нужно проблем, освен ако тие не бидат принудени да ги продадат.

Банката на Силиконската долина, специјализирана за кредитирање на технолошки компании, беше затворена од американските регулатори во петокот, за само 48 часа.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...