fbpx

Санкционирани 269 возачи во Скопје, 17 биле под дејство на алкохол

-

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, 6 февруари, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 269 мерки, меѓу кои, за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за паркирање надвор од прописи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...