сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: МЖ Транспорт | 140 резултати

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

29 декември 2023

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното […]

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

8 декември 2023

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите […]

Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

24 ноември 2023

Железници на РСМ-Транспорт 10 дена ја поправаше локомотивата која го влече единствениот воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје. По 10 дена пауза, возот вчера во 14:30 часот тргна од Скопје за Битола и треба да сообраќа редовно во наредниот период, и во правецот од Битола за Скопје со поаѓање во 3:13 часот. Возовите не сообраќаа 10 дена, […]

Бочварски смета дека железницата е бунар без дно, кон Битола нема ниеден воз

20 ноември 2023

Министерот Благоја Бочварски и македонската влада, исто како и граѓаните, се незадоволни од функционирањето на Македонски железници – Транспорт. Тој денеска коментираше дека државното железничко претпријатие постојано добива субвенции од владата, а финансиската поддршка годинава достигнала до 25 милиони евра. На овој начин, тој денеска ја коментираше лошата состојба во ова претпријатие, кое изминатиов период […]

Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

13 ноември 2023

Патничките и товарните возови од денеска повторно сообраќаат, откако раководството на Железници на РСМ-Транспорт на вработените им ги исплати патните трошоци за октомври. Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот. Од петокот попладне до денес претпладне во прекин беше железничкиот превоз, поради бојкотот што го […]

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

10 ноември 2023

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 16 часот е во прекин, откако машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт стапија во бојкот поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот. Засега нема информации до кога ќе […]

Владата ќе издвои 15,7 милиони евра за Железници-Транспорт преку издавање акции

8 ноември 2023

Преку издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, од Владата на РСМ ќе одвојат дополнителни 15,7 милиони евра за Железници на РСМ-Транспорт. На овој начин, ќе се помогне работењето на државната железничка компанија, која има огромен долг од околу 64,9 милиони евра заклучно со првото полугодие од 2023. Од Комисијата за […]

Трет пат за два месеца запалена пругата Велес-Битола, сообраќајот во прекин

7 ноември 2023

За помалку од два месеца, по трет пат се запалени дрвени прагови од пругата Велес-Битола во северниот дел од Пелагонискиот регион. Поради ова, во прекин е железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени. Од Центарот за управување со […]

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога

5 ноември 2023

Стружните служби во Железници на РСМ-Транспорт интензивно работат на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од раководството на државната компанија откако на 25 октомври беа укинати по два воза дневно на […]

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно

22 октомври 2023

Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 […]

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

16 октомври 2023

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги – Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол […]

Има шест активни пожари, во Пелагонија палењето ниви ја оштети пругата Велес-Битола

24 септември 2023

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 36 поголеми пожари во земјава, од кои шест и понатаму се активни. Притоа, три од активните пожари се во битолскиот регион, а три во прилепскиот регион. Поради изгорени прагови од пругата меѓу Богомила и Прилеп, во прекин е железничкиот сообраќај […]

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

8 септември 2023

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите. Договорено е и раководството да […]

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

30 август 2023

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. […]

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

30 август 2023

Прекинот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија продолжува, а машиновозачите го демантираат вчерашното соопштение на раководството на Железници на РСМ-Транспорт дека платата на машиновозачите изнесувала 60.000 денари. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, и […]

Железничкиот превоз петти ден во прекин, раководството бара машиновозачите да возат

29 август 2023

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија веќе петти ден е во прекин како последица на бојкотот на машиновозачите да ги управуваат возовите поради неисплатената плата за јули. Машиновозачите од Железници на РСМ-Транспорт појаснуваат дека до 15-ти во месецот платата треба во целост да биде исплатена, а досега тие добиле само половина од платата за […]

Постигнат договор, возовите ќе почнат да сообраќаат од 20 часот

31 јули 2023

Патничките и товарните возови ќе продолжат да сообраќаат од вечерва во 20 часот по седумчасовниот бојкот на работењето на вработените од Железници на РСМ-Транспорт. Вработените со менаџментот на државната компанија постигнале договор најдоцна до петок да се исплати вториот дел од платата за јуни, но и да започнат преговори за измени во актот на систематизација […]

Машиновозачите повторно со прекин на сообраќајот бараат исплата на плата

31 јули 2023

Поради бојкот на работата од страна на машиновозачите, од денеска во 13 часот во прекин е патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Железничарите бараат од раководството на Железници на РСМ-Транспорт исплата на вториот дел од платата за јуни, но и покачување на коефициентите. Бојкотот на машиновозачите резултира со прекин на сообраќањето на патничките и […]

Железничкиот превоз повторно во функција откако се исплати априлската плата

5 јуни 2023

Патничкиот и товарниот железнички превоз се повторно во функција по петчасовниот штрајк на железничарите поради неисплатената плата за април. Возовите сообраќаат по редовниот возен ред по 13 часот, откако утрово вработените од влеча на возови во депото „Лисиче“ престанаа со работа. Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април Платата за април на сите вработени […]

Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

5 јуни 2023

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово е во прекин поради неисплатената априлска плата на вработените во Железници на РСМ-Транспорт. Вработените од подружницата влеча на возови во депото Лисиче престанаа со извршување на работните обврски, пa утрово од 8 часот прекинат e железничкиот сообраќај. Железничарите бараат да им се исплаќа платата во согласно […]

Страна 1 од 7