fbpx

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, но и дека не е точно оти инженерите имаат лични примања од 21.000 денари

-

Прекинот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија продолжува, а машиновозачите го демантираат вчерашното соопштение на раководството на Железници на РСМ-Транспорт дека платата на машиновозачите изнесувала 60.000 денари.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, и но дека не е точно оти инженерите имаат лични примања од 21.000 денари.

Димовски потенцира дека догодина неговата основна плата ќе биде еднаква со минималната плата во земјава, што значи дека машиновозачите, кои имаат огромни одговорности, ќе работат за минималец. Тој додава дека вториот дел од платата на јули не е исплатен, иако дојде и крајот на август, а законскиот рок за исплата на платите е до 15-ти во месецот.

Сепак, редовната исплата на платите е само едно од барањата на машиновозачите. Тони Димовски вели дека бараат измени и дополни на систематизацијата за коефициенти на работните места. Како што информира тој, раководството доделило 240 решенија со зголемени коефициенти за дел од вработените, кои ќе значат и покачување на нивните плати. Следствено на ова, и тие како машиновозачи бараат покачување на коефициентите.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи информира дека бојкотот на машиновозачите значи дека сите колеги доаѓаат на работа, но не ги извршуваат работните обврски. Тие очекуваат да бидат повикани на разговор од раководството на Железници на РСМ-Транспорт за остварување на нивните барања. Во меѓувреме, прекинот на железничкиот сообраќај продолжува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...