среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: железници | 45 резултати

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

август 30, 2023

Прекинот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија продолжува, а машиновозачите го демантираат вчерашното соопштение на раководството на Железници на РСМ-Транспорт дека платата на машиновозачите изнесувала 60.000 денари. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, и […]

Машиновозачите повторно со прекин на сообраќајот бараат исплата на плата

јули 31, 2023

Поради бојкот на работата од страна на машиновозачите, од денеска во 13 часот во прекин е патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Железничарите бараат од раководството на Железници на РСМ-Транспорт исплата на вториот дел од платата за јуни, но и покачување на коефициентите. Бојкотот на машиновозачите резултира со прекин на сообраќањето на патничките и […]

Железничарите бојкотираат оти не зеле плата, возот Скопје-Битола не сообраќа

март 31, 2023

Извршниот и машинскиот персонал на „Железници транспорт“ денеска почна бојкот, оти не им е исплатен вториот дел од февруарската плата, а не е исплатена ниту ноќната работа на кондуктерите. Тие најавија дека бојкотот ќе трае додека не им се исполнат барањата. Според Тони Димовски, претставникот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ вработените во […]

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

ноември 4, 2022

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата […]

Малолетничките бракови во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

април 14, 2022

Проблемот со малолетничките бракови е во фокус на новата епизода на информативната емисија за млади „Шорткат“. Согласно податоците од организациите, тие се особено чести во средини каде што живее најсиромашното население. Освен што склучувањето брак влијае негативно врз здравјето на малолетните девојчиња, тоа е и една од причините што тие престануваат да се образоваат, затоа […]

Реформи во железничкиот сектор нема, количеството на превезени стоки лани било намалено [инфографик]

март 6, 2021

Железници на РСМ-Транспорт лани со своите товарни возови успеала да превезе 1.744.000 тони стока, што е за речиси 100.000 тони помалку во однос на 2019 година. Наспроти неа, со камиони во 2020 година во земјава биле превезени 64.844.000 тони стока со вклучен транзит, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Товарниот патен превоз е во […]

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

јануари 7, 2021

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 […]

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

декември 12, 2020

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. […]

Возен ред на Железници за 2021 година – возот за Белград и Солун нема да сообраќа [инфографик]

ноември 13, 2020

Железници на РСМ-Транспорт го изготви новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто ќе стапи на сила 13 декември годинава. Во домашниот железнички сообраќај ќе нема значајни измени во бројот на возовите што ќе сообраќаат кон Табановце, Велес, Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево, додека во меѓународниот превоз целосно е укинат експресниот воз од […]

Порталб: Во Тетово реновирана железничката станица после 70 години, но нема кој да патува од неа

ноември 3, 2020

По неколкудецениско доцнење, Железничката станица во Тетово е целосно обновена и таа доби поинаков изглед, имајќи предвид дека ова беше место каде досега се криеја кучиња скитници, корисници на дрога и пред само неколку месеци беше покриено со прашина. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Фестим Халили, потенцираше дека овој проект чинел […]

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

октомври 9, 2020

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што […]

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

септември 23, 2020

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства […]

Српските железници и поделени во три компании направиле загуби од 100 милиони евра

септември 12, 2020

Советот за борба против корупцијата во Србија со остри критики за работењето на Српските железници, кои со реформите од 2015 година се поделија на три посебни компании: „Србија карго“, „Србија воз“ и „Инфраструктура железница“. И покрај реструктурирањето на државната железница и влезот на приватни компании во товарниот железнички сообраќај, сите три компании направиле загуби од […]

Се испитува можноста за зголемување на брзината и безбедноста на пругата Скопје – Кичево

март 19, 2020

Министерството за транспорт и врски со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) ја испитува потребата за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура на потегот од Скопје до Кичево на паневропскиот Коридор 8. Во моментов се изработува пред-физибилити студија, како прв од документите што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување […]

Полека замира железничкиот транспорт, се помалку патници со воз (инфографик)

декември 3, 2019

Железници на РСМ – Транспорт во првите девет месеци од годинава успеало да превезе 401.000 патници, што е речиси истата бројка на граѓани што патувале со воз како и лани. Патничкиот железнички сообраќај е сведен на минимум, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третиот квартал од годинава со воз патувале само […]

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

ноември 11, 2019

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании […]

Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата кон Бугарија

ноември 5, 2019

Изградбата на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е своевиден рекордер по нереализираните ветувања кај капиталните проекти од инфраструктурата. Со своја историја на неуспешни обиди за изведба, оваа пруга влече неславна историја уште од крајот на деветнаесеттиот век. „Мета.мк“ се обиде да ја прикаже хронологијата на неуспехот на изградбата на пругата меѓу Куманово и Деве […]

Возовите на пат да изумрат, бројот на патници минимален (инфографик)

септември 11, 2019

Со помал број на возови што секојдневно сообраќале, Железници на РСМ – Транспорт во првото полугодие од годинава успеала да превезе речиси идентичен број на патници како лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, со воз биле превезени 277.000 патници или за 0,7 отсто помалку во однос на периодот јануари – јуни 2018 година. […]

Комбинираниот билет за воз и автобус во Скопје ќе чека подобри времиња

септември 3, 2019

Воведувањето на комбиран билет за воз и јавен превоз во Скопје засега ќе остане само една добра замисла. И покрај тоа што пролетва и Градот Скопје и Железници на РСМ – Транспорт пројавија интерес за еден ваков проект, во моментов нема никаков конкретен чекор што е преземен кон профункционирање на можноста граѓаните со една карта […]

Железница преговара за надминување на техничките недостатоци на кинеските возови

август 23, 2019

Железници на РСМ – Транспорт во моментов преговара со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнување на обврските од склучениот договор за набавените шест кинески возови, со што би се надминале техничките недостатоци на гарнитурите и би се извршил технички прием на патничките гарнитури. – Доколку овие преговори не бидат успешни, како правна можност е започнување на […]

Страна 1 од 3