fbpx

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

-

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства од 426 милиони евра за изградба на првата фаза од Кичево до Струга. Воедно, ќе се бараат и грант средства за техничка помош на овој проект, информираат од владината прес-служба.

Поделбата на проектот за железничко поврзување со Албанија на две фази доаѓа откако УНЕСКО во своите извештаи жестоко ја критикуваше изградбата на железничката делница од Струга до Лин (Албанија) по крајбрежјето на Охридското езеро, јасно посочувајќи дека овој проект е една од точките поради кои би можело Охридското езеро и Охрид да се најдат на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО.

Поради ова, Владата на РСМ уште на почетокот на годинава ја порача изработката на анализа за директниот предлог на УНЕСКО, пругата од Коридорот 8 наместо по крајбрежјето кон Лин да се пренасочи од Струга, преку тунел под планината Јабланица, директно до градот Прењас. Со најновите владини измени, за втора фаза од изградбата на железничкото поврзување со Албанија е оставена токму оваа делница од Струга до македонско-албанската граница.

Инаку, за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија со должина од 63 километри од наша страна во целост е изработена проектната документација. Изведбениот проект беше завршен во 2017 година и со него се предвидува изградба на едноколосечна електрифицирана пруга од Кичево преку Прштани, Сливово, Пресека, Издеглавје, Мешеишта, Струга и Радожда до границата со Албанија. Посебен железнички крак е предвиден кај охридското село Мешеишта за поврзување на Коридорот 8 со охридскиот аеродром и со Охрид.

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...