fbpx
Таг: железници

таг: железници

Комбинираниот билет за воз и автобус во Скопје ќе чека подобри времиња

Воведувањето на комбиран билет за воз и јавен превоз во Скопје засега ќе остане само една добра замисла. И покрај тоа што пролетва и Градот Скопје и Железници на РСМ - Транспорт пројавија интерес за еден ваков проект, во моментов нема никаков конкретен чекор што е преземен кон профункционирање на можноста граѓаните со една карта да извршат трансфер од...

Железница преговара за надминување на техничките недостатоци на кинеските возови

Железници на РСМ - Транспорт во моментов преговара со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнување на обврските од склучениот договор за набавените шест кинески возови, со што би се надминале техничките недостатоци на гарнитурите и би се извршил технички прием на патничките гарнитури. - Доколку овие преговори не бидат успешни, како правна можност е започнување на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд...

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше...

Во ерата на брзи железници, возот од Скопје до Белград патува десет часа (инфографик)

За да го мине растојанието меѓу Скопје и Белград, на меѓународниот воз „Хелас експрес“ денес му се потребни 9 часа и 55 минути. Во 1989 година, до истата дестинација граѓаните со воз патувале 3 часа пократко. Без границата кај Прешево и Табановце, меѓународните возови пред распадот на СФР Југославија, од Скопје до Белград патувале 6 часа и 48 минути....

Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година

До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската фаза од меѓународниот тендер...

Ако се слуша УНЕСКО, најмалку една година ќе треба за препроектирање на пругата од Струга кон Албанија

Препроектирањето на пругата од Струга кон Албанија на Коридорот 8 би чинело од 3 - 5% од вредноста на ново проектираната траса, при што на проектантите ќе им требаат барем една година за да ја изработат алтернативната рута по препораката што ја дава УНЕСКО. Професорот Дарко Мославац од Градежниот факултет при УКИМ нагласува дека ќе требаат и време и финансии...

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово ќе биде во функција за 24 часа

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец е во прекин, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“ „Во несреќата на товарниот воз, што се движел на релација Куманово-Скопје, нема повредени лица, но е...

Таксистите лани превезле за 12 пати повеќе патници низ Македонија од возовите (инфографик)

Наместо да доминира во националниот превоз на патници, железницата лани успеала да превезе за 12 пати помалку патници во споредба со таксистите. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во меѓуградскиот превоз со такси возила во 2018 година биле превезени дури 6.406.000 патници. Наспроти таксистите, лани со македонските возови патувале само 534.000 лица во домашниот железнички сообраќај. Актуелната...

Со брзина на полжав: 5 години се ремонтираат 31 км. од пругата кај Неготино од Коридорот 10

Наместо да сообраќаат со брзина од 120 километри на час, веќе петта година по ред возовите на пругата од Ногаевци до Неготино се движат со намалена брзина поради недовршената реконструкција на железничкиот Коридор 10 со должина од 31 километар. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во декември 2013 година го означи почетокот на рехабилитацијата на овој сегмент...

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

video
Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на шопинг во Трст или во...

Вработувањата во железницата се неопходни, празните места ќе се пополнат по изборите

Огласи за вработување на над 200 лица беа објавени од двете железнички претпријатија во изминативе шест месеци. И покрај тоа што се натрупани во долгови, на двете компании за железнички транспорт и инфраструктура им се неопходни нови работници. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета“ велат дека пензионирањето на поголем број вработени довело до недостиг на стручен кадар...

За 2,5 пати е намален превозот на стоки со воз од 2008 година (инфографик)

Македонски железници - Транспорт лани успеала да транспортира 1.668.000 тони стока во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај. Превозот на стока со воз е зголемен за 7,1% во споредба со 2017 година, кога со товарни вагони биле превезени 1.557.000 тони стока. Сепак, ваквиот резултат во работењето е далеку од обемот на превезен товар од пред една деценија, кога со воз...

Kамења, бетонски цигли, контејнери: Вандалите со „иновативни“ методи удираат по возовите

Нема крај на фрлањето камења по возовите во движење и на поставувањето предмети на пругите. За помалку од еден месец, два пати беа каменувани возови во Скопје. Викендов беше повреден машиновозач при каменувањето на воз во населбата Скопје Север. Пред три недели, возот Скопје - Кичево беше каменуван на пругата помеѓу Сарај и Кондово. Од Македонски железници - Транспорт велат дека во...

Грција, Бугарија и Србија градат пруги за 250 км/час, ние сме среќни и со 80 км/час

Додека Бугарија, Србија и Грција активно работат на изградба на брзи пруги, Македонија спие. Нашата земја за неколку години би можела да има сериозен проблем со малите брзини на возовите, ако се земе предвид темпото на развој на железничката инфраструктура во соседните земји. Грција планира годинава да ја комплетира изведбата на брзата пруга меѓу Солун и Атина, по која возовите...

Железничката станица во Скопје зјае празна – чека идеи и средства за нејзин развој

Празни перони, чекални и билетара ги пречекуваат посетителите на Железничката станица во Скопје. Во најголем дел од денот, маркантното дело на архитектот Кензо Танге зјае неискористено во услови кога Скопје секојдневно се соочува со сообраќаен метеж. Помалку од 40 возови дневно поаѓаат и пристигнуваат од оваа железничка станица, што резултира со неискористување на огромниот потенцијал што го има ова здание...

Анѓушев: Изградени се околу 42 отсто од првата делница на пругата кон Бугарија

Најдоцна до средината на 2020 година ќе биде завршена изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски железници - Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во реализацијата на првата фаза од пругата кон Бугарија. – За оваа година и половина изградени се...

Инфраструктурата и енергетиката, теми на Инвестицискиот самит во Лондон

Инфраструктурното и енергетското поврзување на земјите од Западен Балкан биле едни од главните теми за кои, премиерите на земјите од Западен Балкан, разговарале на „Регионалната инвестициска платформа“ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што се одржа во Лондон. „Зборувавме за Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ...

Македонската и грчката железница бараат начини да ја подобрат соработката

Управите на грчката железница и на солунското пристаниште ги интензивираат напорите да се подобри соработката и транспортот на стоки кон Македонија преку „Македонски железници“, за да се залечат раните од постојаните штрајкови, блокадата на железничката линија и проблемите со персоналот изминатите две години. На оваа тема во Солун вчера разговараа првите луѓе на грчката железница, солунското пристаниште и претседателот на „Македонски железници“,...

Од денеска нема да сообраќа возот Солун – Скопје – Белград

Од денеска нема да сообраќа меѓународниот воз „Хелас експрес“ на релација Солун – Скопје – Белград, информираат од „Македонски железници“. Како што објаснуваат, причината за тоа е изведување градежни активности на територијата на Република Србија. Прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи сè до крајот на возниот ред за 2015-2016 година. Повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун - Скопје -...

Македонските компании трпат огромни загуби поради штрајкот на солунското пристаниште

Македонските компании трпат големи штети поради блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун. Според анкетата направена на 650 компании од страна на Стопанската комора на Македонија, штетни последици трпи целото стопанство, без разлика дали дел од нив непосредно го користат транспортниот коридор-10 или пристаништето во Солун. Компаниите имаат зголемени трошоци поради кумулирање на трошоците за лежарина...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...