fbpx

Српските железници и поделени во три компании направиле загуби од 100 милиони евра

-

Советот за борба против корупцијата во Србија со остри критики за работењето на Српските железници, кои со реформите од 2015 година се поделија на три посебни компании: „Србија карго“, „Србија воз“ и „Инфраструктура железница“. И покрај реструктурирањето на државната железница и влезот на приватни компании во товарниот железнички сообраќај, сите три компании направиле загуби од околу 100 милиони евра создадени за помалку од четири години.

Ваквите финансиски загуби се јавуваат во состојба кога српската влада од 2015 до крајот на минатата година им дала субвенции на трите компании во висина од околу 400 милиони евра, пишува белградска „Политика“. Србија со реформите во железничкиот сектор е на чекор пред нашата земја, како во делот на поделбата на државната железница на неколку засебни фирми, така и во однос на либерализацијата на железничкиот сообраќај во земјата.

Во објавениот извештај на Советот за борба против корупцијата се вели дека Српските железници треба да постанат поефикасни – да ги намалат трошоците за работење, да изберат професионален менаџмент на компаниите, а странските кредити да ги склучуваат во транспарентни постапки за да се избегнат корупциски скандали.

Српските антикорупционери посебна критика кон железничките претпријатија даваат за големите инфраструктурни проекти, како што е изградбата на брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта. Според нивните анализи, постојат загрижувачки разлики од неколку стотици милиони евра во податоците за потрошените средства од кинескиот и рускиот кредит за оваа пруга, кои засебно ги објавиле Министерството за финансии и Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Српските антикорупционери забележуваат пробивање на роковите за изградба на брзата пруга Белград-Будимпешта. Според нивната анализа, до 31 декември минатата година биле потрошени 521,2 милиони долари за реализација на овој проект, а дотогаш се изградени само 15 отсто од делницата Белград-Стара Пазова, 44 отсто од делницата Стара Пазова-Нови Сад, а воопшто не е започна изведбата на пругата Нови Сад-Суботица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...