fbpx

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

-

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании ќе влезат во втората фаза од тендерот што треба да заврши со избор на најповолен изведувач.

Во оваа фаза се врши евалуација на понудите од 15 фирми што доставиле апликации на меѓународниот тендер. Проектираната вредност за изградба на пругата Бељаковце – Крива Паланка е 147 милиони евра, но ниту прашањето за финансиската конструкција на проектот не е докрај сигурно до завршувањето на целиот тендер.

– Сѐ уште е рано точно дѝа се утврди финалната цена. Цената за изградба на оваа делница ќе се знае по склучувањето на договорот со изведувачот – информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

Целата тендерска постапка за отпочнување со изградба на втората фаза се развлекува со години наназад. Актуелниот тендер беше распишан кон средината на 2018 година, откако претходно неуспешно заврши првичната постапка за избор на компанија што ќе ја гради пругата Бељаковце – Крива Паланка.

Од надлежното министерство очекуваат вториот по ред тендер да биде завршен успешно, со избор на изведувач на пругата во текот на 2020 година. Веднаш по потпишувањето на договорот, би требало да отпочне изградбата на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Рокот за изградба на пругата е 40 месеци, односно пругата до Крива Паланка би била отворена за железнички сообраќај до крајот на 2023 година.

Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка беше прекината во 2004 година, по една деценија изведба на трасата со променлив интензитет. Делницата долга 34 километри е со делумно изградени тунели и мостови долж трасата, завршени во текот на еднодецениската изведба на проектот. За третата фаза од проектот – пруга кон Бугарија треба допрва да се заокружи финансиската конструкција, додека трасата од првата етапа меѓу Куманово и Бељаковце ќе биде пуштена во употреба догодина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...