fbpx

Полека замира железничкиот транспорт, се помалку патници со воз (инфографик)

-

Железници на РСМ – Транспорт во првите девет месеци од годинава успеало да превезе 401.000 патници, што е речиси истата бројка на граѓани што патувале со воз како и лани. Патничкиот железнички сообраќај е сведен на минимум, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третиот квартал од годинава со воз патувале само 124.000 патници.

Негативните резултати во делот на користењето на железницата се повторуваат со години наназад. Сепак, состојбата е најлоша во последниве пет – шест години, кога бројката на граѓани што патуваат со воз е спуштена на под милион превезени патници на годишно ниво. Опаѓачкиот тренд на користење на железницата е запрен, бидејќи бројката на патници годинава е идентична како и минатата година. Сепак, бројот на возови што сообраќаат е намален за два пара со несообраќањето на експресните возови Скопје – Битола – Скопје и Белград – Скопје – Солун во текот на целата тековна година.

Замирањето на патничкиот железнички сообраќај е тренд што се очекува да продолжи и во текот на наредната година. Со Нацрт – возниот ред за 2020 година е предвидено дневно да сообраќа еден воз помалку на релацијата Скопје – Велес – Скопје, а веќе е извесно дека догодина нема да се пушти во сообраќај ниту експресниот воз меѓу Скопје и Битола.

Министерството за транспорт и врски со проектираниот буџет за 2020 година планира да издвои 430 милиони денари за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај, но Државниот завод за ревизија и Железници на РСМ – Транспорт сметаат дека тоа е премалку за да се покријат сите трошоци за обезбедување на квалитетна јавна услуга за граѓаните.

Бројот на превезени патници со железница во изминативе неколку години е намален за дури 12 пати во споредба со 80 – тите години на минатиот век. Во периодот на поранешна Југославија, патничкиот железнички транспорт во земјава регистрирал меѓу 5 и 7 милиони превезени патници годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...