fbpx

И догодина ќе нема доволно субвенции за патничките возови

-

Железници на РСМ – Транспорт догодина од државниот буџет ќе ја добие идентичната сума како и годинава за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на минатонеделното презентирање на проектираниот буџет за ресорот транспорт за 2020 година посочи дека државната железница ќе добие 430 милиони денари (седум милиони евра) за помош на железничкиот транспорт наменет за превоз на патници.

Ваквите субвенции од државата се премалку, а ваквата констатација доаѓа од самото железничко претпријатие, но и од страна на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорскиот извештај за сметката на Министерството за транспорт и врски за 2018 година утврди дека државните субвенции од седум милиони евра биле недоволни за покривање на трошоците во патничкиот железнички сообраќај.

„Ревизијата обрнува внимание дека со нецелосно субвенционирање на трошоците од патнички сообраќај како услуга од јавен интерес за кои не се обезбедени приходи од превозникот во државна сопственост се доведува во прашање обезбедувањето на квалитетна услуга од јавен интерес – превоз во железничкиот сообраќај“, се вели во извештајот на ДЗР.

Речиси идентичен заклучок дава и Железници на РСМ – Транспорт во Бизнис планот за работа за 2019 година, каде што наведува дека субвенциите од седум милиони евра за годинава ќе бидат недоволни за покривање на загубите, односно дека патничкиот железнички сообраќај ќе има очекувана загуба во висина од 457.100.000 денари (7,4 милиони евра).

„За поефикасно работење во патничкиот сообраќај потребно е поголемо учество од државата, без кое друштвото нема да биде во можност да оствари добивка“, се наведува во Бизнис планот за 2019 година.

Последниот извештај пак на Министерството за финансии за септември годинава, во делот на износот што го должат државните институции и претпријатијата, покажува дека Железници на РСМ – Транспорт бил најголем државен должник, којшто има натрупано долгови од дури 52 милиони евра.

Во услови на недоволно субвенции од државата и непостоење на други извори на финансирање, Железници на РСМ – Транспорт низ годините продолжува да го крати бројот на патнички возови што сообраќаат низ земјава. Нацрт – возниот ред за 2020 година предвидува сообраќање на два патнички воза помалку во споредба со годинава. Во 2019 година пак има еден воз помалку во однос на претходната година, бидејќи експресниот воз за Солун и Белград сообраќаше сезонски, единствено во текот на летните месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...