четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Без Филтер | 2.360 резултати

Извештај на ЕК: Пораснало производството на струја од фотоволтаици, но и понатаму сме зависни од јагленот

24 ноември 2024

Производството на електрична енергија од фотоволтаични централи во земјава пораснало за 287 отсто за само една година. Сепак, и покрај тоа земјава останува зависна од јагленот што се користи во двата најголеми енергетски капацитети. Според извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, термоелектраните РЕК Битола и Осломеј продолжуваат да работат на […]

Малата депонија со линдан во ОХИС има повеќе отпад од очекуваното, чистењето ќе продолжи догодина

9 ноември 2024

Концентрацијата на отпад во малата депонија со линдан во ОХИС е за 25 отсто повисока од иницијално проценетите количини, покажале досегашните ископувања на овој опасен отпад. Заради тоа месецов ќе започнат тестирања на почвата во делот што остана да се исчисти, за да може да се направи вистинска проценка уште колку време и пари ќе […]

Чистењето на згурата од топилницата во Велес пред Управниот суд

3 ноември 2024

Чистењето на депонијата со згура од некогашната топилница во Велес заврши пред Управниот суд. Компанијата Кепс Монт Груп се жалеше на решението на Второстепената комисија за одлучување во управна постапка со која се потврди одлуката на општинските власти да не им дадат нова и проширена Б-интегрирана дозвола. Иако компанијата сѐ уште има важечка концесија, која […]

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

12 септември 2024

Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник. Голем дел од овие површини беа и шуми, како што беа случаите на планините Серта, Галичица, Мукос и други. Точната бројка […]

Згурата од топилница нема да може да се дроби и меле, расчистувањето на депонијата заглави пред институциите

29 јули 2024

Второстепената комисија за управни постапки ја отфрлила жалбата на компанијата Кепс Монт Груп која се жалеше што не доби Б- интегрирана дозвола од Општината Велес за да може да воведе уште две дејности во расчистувањето на депонијата со згура од некогашната топилница за олово и цинк. Компанијата, која има концесија да ја ископа и извезе […]

Општините не водат сметка колку загадувачи имаат, ниту пак се грижат тие да платат затоа што загадуваат

21 јули 2024

Во регистарот за Б-интегрирани дозволи на Министерството за животна средина сè уште фигурираат фирми кои некогаш добиле дозвола, но веќе не постојат, а од друга страна, ги нема фирмите кои имаат активни дозволи. Во општините има илјадници фирми, но и покрај тоа се издаваат само по неколку дозволи годишно. Никој во земјава не располага со […]

Државата губи 146 милиони кубици вода годишно, најскапо за неа плаќаат кочанчани

11 јули 2024

С. Македонија годишно губи 146 милиони кубни метри вода за пиење. Речиси половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто. Ова го покажува последната анализа од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за цените и потрошувачката на водата за […]

Досега против рудник, сега против фабрика за алуминиум, нови протести на југоистокот

4 јули 2024

Жителите и еколошките организации „Здрава котлина“ и „Еко долина“ од општините Ново Село, Босилово и Струмица денеска протестираат против отворање на капацитет кој ќе преработува алуминиум. За овие општини рудникот Иловица-Штука, против кој се борат неколку години сè уште не е завршена приказна, а само на десетина километри од таа локација им се отвора нов […]

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

9 мај 2024

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или во шумите, се реалната слика за Источниот и Североисточниот регион на Македонија, но и за целата земја. Овие два региони се првите кои имаат шанса да […]

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

8 април 2024

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво и метал и ќе се врши третман и депонирање на комунален […]

ЕУ ни го чисти ѓубрето од нелегалните депонии во општините во Источна Македонија

15 февруари 2024

Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во […]

Годинава ќе се бара концесионер за чистење на арсенот во Лојане

29 јануари 2024

Државата во 2024 година ќе го распише јавниот повик за пронаоѓање концесионер што ќе го исчисти арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце. Ако не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на принципот по кој во моментов се решава проблемот со линданот во […]

Лани регистриран рекорден увоз на нови возила во земјава [инфографик]

27 јануари 2024

Продажбата на возила во С.Македонија лани достигнала рекордни бројки во делот на новопроизведените автомобили, камиони и автобуси, а голем раст е забележан и кај увозот на половни возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. Во 2023 година во земјава биле увезени вкупно 47.050 возила, при што 35.832 биле увезени на старо, додека 11.218 биле […]

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

18 јануари 2024

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како и во сиот изминат период, квалитетот на воздухот минатиот месец […]

Српски приватни компании заинтересирани да возат по македонските пруги

4 јануари 2024

Државното акционерско друштво Железници на РСМ-Транспорт од почетокот на годинава добива конкуренција. Неколку приватни оператори за товарен железнички сообраќај од Србија веќе пројавиле интерес и подготвеност за влегување на нашиот пазар на почетокот од 2024 година, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Интерес кај српските компании има за превоз […]

Колку јас лично придонесувам за климатските промени во светот?

30 декември 2023

Иако енергетскиот сектор, индустриските капацитети, шумските пожари и транспортот се убедливо најголемите предизвикувачи на климатските промени, личниот придонес на секој граѓанин во менувањето на секојдневните навики може многу да придонесе во намалувањето на емисиите на стакленички гасови. На Планетата живеат над 8 милијарди луѓе, а доколку секој од нив направи барем една климатска акција, тогаш […]

Во скопски Аеродром втор ден по ред алармантно ниво на аерозагадување

26 декември 2023

Во скопската општина Аеродром, односно на мерната станица Лисиче, веќе втор ден по ред се регистрирани алармантни концентрации на ПМ-10 честички во воздухот. На 25 декември е измерено присуство на ПМ-10 од 211,2 микрограми на метар кубен, додека завчера на истата локација имало дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен од оваа загадувачка супстанца. […]

Скопје се гуши во смог: Во Гази Баба, Лисиче и Центар измерени ПМ-10 честички и до четири пати над дозволеното

21 декември 2023

Концентрациите на загадувачки супстанци во воздухот во Скопје го вклучија алармот од високо аерозагадување. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина информира дека е надминат прагот на информирање кај ПМ-10 честичките на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, како и во Тетово, Прилеп и […]

Скопје се разбуди во магла и со високо ниво на аерозагадување

20 декември 2023

Главниот град утрово се разбуди во магла, а граѓаните се соочени со високо ниво на аерозагадување. Најзагаден воздух утрово во Скопје се дише во центарот на градот, каде мерната станица во 10 часот утрово измерила многу високо ниво на загадување – концентрации на ПМ-10 честички од дури 189,51 микрограми на метар кубен. Инаку, дозволената концентрација […]

Комитетот на Бернската конвенција и годинава бара да се откажеме од малите хидроцентрали

20 декември 2023

Веднаш да се откаже изградбата на малата хидроцентрала „Рибничка“ во Националниот парк „Маврово“, бара Комитетот на Бернската конвенција во препораките по последната 43. седница која се одржа на крајот на минатиот месец. Од државата се бара да се раскинат и сите концесии во Националниот парк (НП) „Шар Планина“, како и да се забрза репрогласувањето на […]

Страна 1 од 118