fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Министерството за животна средина дозволи отпадот од велешката топилница да се дроби и меле, за полесно да се извезе

Троската од депонијата на велешката топилница ќе се дроби и меле пред да се извезува. Министерството за животна средина и просторно планирање го одобри елаборатот за заштита на животната средина за проектот „Експлоатација на техногена минерална суровина на локалитетот Баш Kолиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во општина Велес“. Со тоа, концесионерот...

Селото Белица е зелената оаза на кичевскиот крај загаден од јаглен [галерија]

Кичевското село Белица има сè што природата можела да подари - шуми, плодна почва, вода и чист воздух. Сместено под падините на Илинска планина, ова место е чиста оаза во кичевскиот крај, познат по децениската употреба на јаглен и загадувањето на животната средина. Белица последните години има петнаесетина постојани жители. Во летниот период, пак сликата се менува. Доаѓаат многу семејства...

Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје

Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем - БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој проект, но не добивме...

Увозот на автомобили со голем раст, само четвртина од колите се нови [инфографик]

Расте интересот за купување на возила од македонските граѓани, иако најголемиот дел од превозните средства се половни. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат огромен раст на бројот на увезени возила од странство во првите шест месеци од 2023 година. Во периодот јануари-јуни годинава се увезени вкупно 21.307 возила, од кои 19.552 се автомобили, 1.634 се камиони и 121 автобус....

Д-р Шушлевска: Глобалното затоплување ќе го смени целокупниот начин на живеење

Екстремни температури, пожари, поплави, огромни температурни разлики кои се менуваат за само 24 часа се само дел од работите на кои сведочиме, а се дел од климатските промени со кои се соочува светот, нешто што со текот на времето треба да стане „новото нормално“, нешто на што луѓето треба да се прилагодат, но и да ги знаат евентуалните последици...

Објавена финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција

Министерството за животна средина и просторно планирање ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, долгоочекуван правен акт што треба на земјава да ѝ даде насоки и да постави цели во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и за адаптација и градење отпорност кон климатските промени. С. Македонија постави високи цели со прифаќањето на обврските од...

Вардар е една од последните реки со делумно слободен тек во Европа која мора да добие заштита

Вардар е една од последните реки во Европа кои имаат во некој свој дел слободен тек. Долното течение на нашата најголема река, која ја опфаќа и Демиркаписката клисура е еден од највредните природни резервати во земјата. Таа е Емералд подрачје кое треба да ужива заштита заради богатството на биодиверзитетот и важна област за птиците - IBA локација, особено за...

Пред летните одмори, цените на автобуските билети за во странство се вивнаа до небо [инфографик]

Граѓаните се приморани да плаќаат повисоки цени на меѓународните автобуски билети за време на летните одмори. И покрај тоа што цената на дизелот во моментов чини околу 70 денари за литар, дел од автобуските компании ги покачија цените на билетите за патување во странство. Македонија нема меѓународен железнички превоз веќе неколку години, така што граѓаните се приморани или да...

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС извезени во Франција

Околу 80 тони линдан ископани од малата депонија во ОХИС вчера беа извезени на уништување во Франција. Третиот дел од депонијата започна со расчистување минатиот месец и досега се ископани и спакувани 231 тон на HCH отпад кои ќе бидат транспортирани на уништување во текот на следниот период. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање,...

Ја уништуваме природата: Лани пораст на испуштените непречистени отпадни води [инфографик]

Пречистителните станици во дел од македонските општини лани не си ја вршеле својата дејност во континуитет. Ова е заклучокот од најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2022 година, кои покажуваат алармантен пораст на отпадните води кои непречистени се вливаат во реките, езерата, подземните води и акумулациите во Македонија. За само една година, процентот на непречистени отпадни води...

Жителите на Пробиштип со децении живеат со тешки отровни метали пред нивните домови [галерија]

Олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како бакар сулфат, натриум цијанид, калиум амил ксантат, калциум оксид и калциум карбонат се само дел од опасните состојки кои ги содржи старото хидројаловиште во Пробиштип. Тешките метали кои се опасни по човековото здравје се лоцирани во самиот град, на стотини метри воздушна линија од градскиот пазар и во...

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето во некои општини. Според најновите...

По повеќе од шест месеци пауза продолжи чистењето на линданот во ОХИС

Продолжи чистењето на линданот од малата депонија на ОХИС. По повеќе од шест месеци прекин во работите на терен, месецов конечно беше финализиран Планот за ремедијација подготвен од компанијата Полиеко и ископувањето на опасниот отпад продолжи во третиот лот од депонијата. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој дел од депонијата треба да...

Нивото на Преспанското Езеро непрекинато опаѓа, бавно се спроведуваат мерките за заштита

Водите на Преспанското Езеро не престануваат да се повлекуваат, а штетните последици од губењето на езерските води засега недоволно ги алармираат одговорните власти за преземање конкретни чекори кои ќе водат кон заштита на второто по големина природно езеро во земјава. Кога Мета.мк во август лани пишуваше на оваа тема, водостојот на Преспанското Езеро кај мерната станица Наколец изнесуваше 842,33 mнм...

Слабо возиме точак и пешачиме, иако апликации нудат поволности за поминати километри [инфографик]

Македонските граѓани не се премногу заинтересирани за користење на велосипедот како превозно средство, но постои апликација која може да го промени ваквиот став не само за велосипедскиот превоз, туку и за пешачењето. Апликацијата Челинџер (Challenger) веќе трета година активно им нуди на македонските граѓани можност да стекнуваат поволности и да штедат емисии на стакленички гасови во своето секојдневие, а...

Железница не користиме, субвенции за нови возила немаме, климатските промени ги игнорираме [инфографик]

Транспортот учествува со 28 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови во Македонија и во моментов се наоѓа на второ место меѓу изворите на штетни материи кои имаат негативно влијание врз климатските промени. Кај транспортот не постои интегриран пристап во водењето политика за намалување на количествата на јаглерод што ги произведуваат, а треба да се работи и на зголемување...

Земјава има огромен потенцијал за изградба на соларни и на ветерни централи на деградирано земјиште

Во Северна Македонија можат да се изградат соларни електрани со моќност од околу 10.000 мегавати и ветерни централи со моќност од 2.000 до 4.000 мегавати. Тие би биле позиционирани надвор од заштитени подрачја и од плодно земјоделско земјиште, во карпи и камењари, грмушести и тревести еко системи како и на деградирано рударско земјиште. Методологијата за најповолни локации за изградба на...

Само 15,5 отсто од индустриските води лани биле испуштени во природата како прочистени

Минорни 15,5 отсто од индустриските води што биле испуштени во природата во 2022 година биле прочистени, покажува најновиот извештај „Користење и заштита на водите од загадување во индустријата“ на Државниот завод за статистика. Статистичките податоци покажуваат дека од 5 милиони метри кубни испуштени води од секторот Рударство и вадење камен, дури 2 милиони метри кубни биле исфрлени во реките,...

Доцни расчистувањето на ридот со троска од велешката Топилница, загадувањето расте

Црниот рид со згура од велешката Топилница сѐ уште стои. Повеќе од три години откако започна проектот за расчистување на опасниот отпад што му се заканува на градот, нема речиси никаков напредок. Техногената минерална суровина не се копа и не се извезува, а од 2019 година, откако фирмата Кепс Монт груп доби Концесија од Министерството за економија и Б-интегрирана...

Скопје се бори за чист воздух додека проектите за зазеленување стојат на хартија

Намалување на топлинските острови, обезбедување почист воздух и попријатни услови за живот во урбана средина може да се постигне со зголемување на зеленилото и намалување на асфалтираните површини. Македонските градови, а особено Скопје, се соочуваат со екстремни температури, најчесто во летниот период, кои се резултат на децениското уништување на зеленилото и бетонизацијата на градот. Урбанистичкото дивеење ни остава сериозно...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...