fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства од странство за да...

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји и е блиска со просекот на ЕУ, каде истата година биле создадени 527 килограми по...

Годинава не е извезен ниту еден тон отпад од депонијата на топилницата во Велес

Ниту еден тон од депонијата со згура на топилницата во Велес не бил извезен и оваа година. Црниот рид не се намалува и сè уште е закана за градот и за неговите жители. Се проценува дека на депонијата има околу два милиони тони троска, од кои голем дел се остатоци од металите обработувани во топилницата. Отпадот треба да се...

Државата не ја сфаќа сериозно опасноста од труење со арсен во кумановскиот регион

Државните власти не го сфаќаат сериозно труењето на жителите и на целокупната животна средина во Липковско-кумановскиот регион од арсеновиот концентрат расфрлан во јаловиштето на некогашниот рудник во Лојане и во депонијата до железничката станица во Табановце. Ниту едно од двете ветувања на државата за решавање на оваа жешка еколошка точка со арсенот не е исполнето, а нема ниту конкретен...

Дроновите во светот разнесуваат храна и фрлаат бомби, кај нас не можат да ловат ниту загадувачи

Дроновите денес берат јаболки по плантажи наместо луѓе, испорачуваат храна, фрлаат бомби во Украина и ги откриваат позициите на непријателот, вршат најразновидни типови на мониторинг од воздух и имаат многу други функции во различни краеви од светот. Во Македонија пред повеќе од пет години од властите беше ветено дека дроновите од воздух ќе ги ловат несовесните граѓани кои фрлаат...

Државата од даноци големи пари добива, а малку вложува во животната средина [инфографик]

Институциите собираат даноци за животната средина, кои пак државата и општините премалку ги реинвестираат во заштита на водите, почвата, воздухот, шумите и во управувањето со отпадот. Во земјава во 2021 година биле платени даноци за животна средина во висина од 14.273,4 милиони денари или над 231,7 милиони евра, што е за 13,7 отсто повеќе во споредба со 2020 година,...

Ако владата не реагира, канти од возила ќе почнат да пристигнуваат и од соседството?

Доколку владата не ги коригира даноците за старите возила кои се увезуваат во земјава, во многу скоро време ќе ни се случи наплив на крнтии од соседните земји. Бугарија на 12 јули 2021 година воведе еколошки налепници на возилата, Албанија и Босна и Херцеговина веќе го забранија увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди, а Србија ќе ја...

Алармантна состојбата со пожарите: Сушата, ветерот и натпросечните температури се опасна комбинација

Нема ден да помине без информација за десетици пожари на отворено кои биле регистрирани од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на  ЦУК Стојанче Ангелов денеска упати апел до градоначалниците и граѓаните во земјава дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, а само во текот на вчерашниот ден имало 60 пожари. „И покрај вчерашното интензивно...

Парите од ќеси што ги купуваме во маркетите ќе се вложат во контејнери за селекција на отпад

До крајот на октомври ќе биде објавен јавниот повик за набавката на контејнери и канти за селекција на отпад (хартија, тетрапак, пластика и метал) за сите македонски општини. Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов го подготвува тендерот, преку кој ќе се распределат 30.018 канти од 120 литри и 3.017 контејнери од 1,1 метри кубни. Средствата во...

Аерозагадувањето нема да го снема со 50.000 нови автомобили, колку што Скопје добило деценијава [инфографик]

Европската недела на мобилност завршува денеска, а во изминативе денови низ македонските општини се одржаа бројни настани со возење на велосипеди и изјави на функционерите со поуки за користење на алтернативен превоз. Но, во реалноста, официјалните бројки говорат за пораст на бројот на возила во земјава, во услови и кога весникот Гардијан деновиве известуваше за лошиот квалитет на воздухот...

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека...

Шукова: Трендот на мали хидроцентрали треба да престане и да се насочиме кон ветерната и соларната енергија

Градењето на мали хидроцентрали како енергетски објекти треба да престане, а инвеститорите повеќе да се насочат кон обновливите извори на енергија како што се ветерните паркови и фотонапонските централи. Министерката за животна средина Каја Шукова за Мета.мк вели дека државата ги почитува препораките на Бернската конвенција да не се издаваат концесии во заштитените подрачја, но законот сè уште дозволува...

Догодина видео-надзор и дигитализација на управувањето на автопатот долж Коридорот 10

Во тек е тендерот за избор на изведувач на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) што ќе се имплементира на автопатот долж Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Министерството за транспорт и врски. Целокупниот сообраќај од Велес до Табановце деноноќно ќе се мониторира од контролен центар преку поставување на видео-надзор долж автопатот, ќе се постави електронска сообраќајна сигнализација за информирање на...

С.Македонија и Албанија ќе ги ревитализираат шумите важни за опстанокот на балканскиот рис

Во текот на изминатите две децении, Северна Македонија и Албанија загубиле 5,5, односно 6,5 отсто од вкупната површина на шумите, според податоците од Global Forest Watch. Трендот е алармантен особено во регионите богати со биодиверзитет, кои ги опфаќаат и живеалиштата неопходни за опстанокот на критично загрозениот балкански рис и кои претставуваат витални коридори за дивиот свет бидејќи поврзуваат различни...

Климатските промени не ги штедат пчелите, на секој десетти вид му се заканува истребување

Без пчели нема иднина. Тие ја поддржуваат биолошката разновидност како главни опрашувачи, задолжени за опрашување на 80 отсто од севкупниот растителен свет на планетава. Едно пчелно семејство од 50.000 пчели може да опраши четири милијарди растенија годишно. За жал, тие не се одминати, ниту пак се имуни на климатските промени, кои преку температурните осцилации, сушите и поплавите вршат огромен притисок...

Автобуско метро во Римини – побрз јавен превоз налик на она што му треба на Скопје [галерија]

Приморскиот град Римини е единствен во Италија којшто има воведено брз автобуски систем (автобуско метро) и е проект сличен на оној што повеќе од две години го кочи со реализација скопската градоначалничка Данела Арсовска во македонскиот главен град. Мета.мк направи репортажа за функционирањето на БРТ системот во Римини, град со околу 150.000 жители, којшто во текот на летната сезона,...

Таму кај што најмногу треба, недостига кадар и опрема за справување со климатските промени

Поплави со материјални штети и жртви поради силни дождови, суши и продолжени топлотни бранови кои ги уништуваат посадените земјоделски површини и родот на земјоделците, шумски пожари кои уништуваат огромни пространства со дрвја, појава на подзаборавени тропски болести, пропаднати туристички сезони кај скијачките центри поради недостиг на снег и ниски температури се само еден дел од последиците предизвикани од климатските...

Современи депонии најпрво ќе добијат Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион

Во октомври 2024 година се очекува да започне изградбата на современите регионални депонии за Полошкиот регион, која треба да се гради кај Русино, Гостивар и за Југозападниот и Пелагонискиот регион што ќе биде лоцирана на дел од површината на досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ во битолско Новаци. Во моментов се подготвува тендерската документација за претстојните четири меѓународни тендери - по...

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС не влијае на квалитетот на воздухот

Нема испарувања и зголемени концентрации на линдан во населените места околу ОХИС. Мерењата на параметрите во воздухот на четири локации, од кои две се во населбите околу кругот на фабриката, покажуваат дека ископувањата на опасниот отпад од малата депонија нема влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. Според податоците од Државниот инспекторат за животна средина, во некогашната хемиска фабрика...

Тендерот за оградување на депонијата со арсен во Лојане ќе се објави најдоцна нареден месец

Министерството за животна средина и просторно планирање до крајот на август или почетокот на септември треба да го објави тендерот за оградување на депонијата со арсен и други отпадни минерали лоцирана во некогашниот рудник во Лојане. Од ова министерство додаваат дека до крајот на септември ќе биде познато името на компанијата што ќе го огради опасното јаловиште, кое се...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...