Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи во изјава за Мета.мк вели дека доколку навистина се суспендираат 12 колеги или добијат отказни решенија, тогаш тие бараат од менаџерскиот тим да им даде отказ на сите машиновозачи

-

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи.

Тој во изјава за Мета.мк вели дека доколку навистина се суспендираат 12 колеги или добијат отказни решенија, тогаш тие бараат од менаџерскиот тим да им даде отказ на сите машиновозачи.

Димовски вели дека уште утре администрацијата да им искуца решенија за отказ на сите машиновозачи, а државата во тој случај ќе остане без машински персонал кој ќе ги управува возовите. Ова е ставот на машиновозачите кои се во бојкот веќе шести ден.

Тони Димовски вели дека за основна плата од 23.000 денари која што ја земаат во Железници на РСМ-Транспорт може да работат и на друго место, а притоа да не се малтретираат. Инаку, додека трае бојкотот на машиновозачите, патничките и товарните возови во земјава не сообраќаат.

Од Железници на РСМ-Транспорт пак вчера испратија соопштение, во кое се наведува дека со прекинот на железничкиот сообраќај се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на стопанството, како и на двете железнички претпријатија во земјава.

Од раководството на Железници на РСМ-Транспорт се на став дека прекинот на работа, односно бојкотот е незаконит, бидејќи не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор. Менаџерскиот тим предупреди дека ќе ги преземе сите законски мерки за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај во земјава.

Вработените кои бојкотираат се надеваат дека ќе добијат поддршка во прекинот на работењето и од своите колеги во јавното претпријатие за железничка инфраструктура и информираат дека го продолжуваат бојкотот.

Денеска, машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт упатија демант на соопштението на раководството на државната железница, отфрлајќи го тврдењето дека земале плата од 60.000 денари и информирајќи дека нивната основна плата е 23.000 денари.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...