среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: синдикат | 78 резултати

НСПВ: Министерството за одбрана го сопира плаќањето членарина на синдикатот

февруари 3, 2024

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) денеска одржа прес-конференција во која изјави дека Министерството за одбрана (МО) го сопрело плаќањето на членарината на синдикатот, со што го оневозможило синдикалното делување и организирање. Според Министерството за одбрана, пак, станува збор за „недоречена ситуација која создала несигурност и сомнежи кај службениците чија одговорност е исплаќањето, кои се […]

Контраспин: Ковачевски со напад врз синдикалниот лидер го минимизира нападот врз контролорите на летање

јануари 11, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски со напад врз претседателот на синдикатот на контролорите на летање ја извртува вистината околу главните проблеми со М-НАВ и за конкретната афера со упадот во контролата на летање. И покрај тоа што со одлука на Влада е задоволено главното барање на синдикатот – смената на директорите кои со години се во фокус […]

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање не бил приведен, туку повикан на службен разговор

јануари 5, 2024

Тасевски не бил приведен, туку повикан на информативен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски. Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради […]

Илјадници административци го блокираа Скопје, бараат достоинствени плати

ноември 24, 2023

„За нас ѓеврек, за вас бифтек“, „Штитиме граѓански права, се повредуваат наши права“, беа само дел од транспарентите, со кои денеска неколку илјадници вработени во судската администрација, потоа, вработени во Јавното обвинителство, Фондот за здравствено осигурување и Канцеларијата на народниот правобранител и други здруженија, го искажаа незадоволството од, како што рекоа, ниските плати. Тие реагираа […]

Американскиот синдикат за актери го прекинува четиримесечниот штрајк, постигнат е договор

ноември 9, 2023

Најголемиот американски синдикат за актери (SAG-AFTRA) денеска објави дека успеале да стигнат договор со Здружението на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP), со што се прекинува нивниот штрајк кој започна во јули, пренесува Би-би-си. Од синдикатот велат дека договорот е со вредност од повеќе од една милијарда долари и вклучува покачени минимални плати, повисоки пензии, поголеми […]

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

август 30, 2023

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. […]

По ноќешниот протест на кој Мазнева со полиција „ги молеше“ работниците да работат, денеска почнува чистењето кај болниците

јули 9, 2023

Директорката на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, околу 1 часот ноќеска, со полициска асистенција, побара од работниците што штрајкуваат да излезат и да си ја вршат работат. Тие, пак, едногласно одбија да работат пред да им бидат исполнети условите, известува Порталб.мк, чиј новинар ноќеска беше во кругот на јавното претпријатие, близу Топлана „Исток“ […]

Синдикатите предлагаат инфлацијата да биде основниот параметар за усогласување на платите

јули 3, 2023

На економско-социјалниот совет денеска не е постигнат договор со Владата околу методологијата за усогласување на платите, информираа претставници на синдикалните организации. Советот на денешната седница ги продолжи разговорите за зголемување на платите во јавниот сектор, откако минатата недела беше договорено Владата да направи нови симулации за пресметка на платите согласно предлозите на синдикатите. Синдикалците предлагаат […]

Возачите ја чекаат платата најдоцна до утре, ЈСП и понатаму се надева на Владата

октомври 18, 2022

Синдикалците на ЈСП Скопје, одлучија да му дадат нов рок на Јавното сообраќајно претпријатие, до утре (19.10.2022 г.) да им ја исплати заостанатата септемвриска плата. Во спротивно, како што велат, автобускиот превоз во Скопје ќе биде прекинат. Ветување дека до утре ќе биде исплатена платата, наводно, дало раководството на ЈСП Скопје, но под услов парите […]

Контраспин: Платите се ниски, а проблемот не е до (авто) реорганизацијата на УКИМ

октомври 6, 2022

Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто […]

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

април 25, 2022

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку […]

Почина Сашо Михајловски – Сале, синдикален водач во ССНМ

октомври 19, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) извести дека ноќеска ненадејно починал синдикалниот водач во телевизија Алфа, Сашо Михајловски – Сале, роден 1970 година. „Загубивме голем другар, борец, синдикалец и пред се човек кого колегите неизмерно го почитуваа, на кого му ја доверија борбата за нивните права како вработени во Алфа ТВ, а која […]

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара изземање од ограничувањето за додатоци на плата

април 24, 2020

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа. Синдикатот во соопштение наведува дека се свесни за состојбата во која се наоѓа државата, но сметаат дека пожарникарите имаат несоодветен третман. – Бараме […]

Полицискиот синдикат бара заштитни маски и ракавици за сите вработени

март 19, 2020

Со наслов, „Кој ќе ги чува чуварите?“, Македонскиот полициски синдикат испрати  соопштение преку кое реагира и бара одо надлежните во Министерството за внатрешни работи, да им се обезбедат на вработените заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција. „Како репрезентативен Синдикат со над 8.500 членови, од кои над 8.000 се припадници на МВР, бараме од раководството […]

Манчевски: K-15 за администрацијата не е политички маркетинг

февруари 6, 2020

На потпишувањето на денешниот Грански колективен договор со Синдикатот на УПОЗ, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека тоа што администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции не станува збор за предизборен маркетинг и собирање политички поени, туку е резултат на две и полгодишни преговори. Имајќи […]

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

август 8, 2019

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и […]

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

мај 22, 2018

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа […]

Раководството на САСА и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите

мај 11, 2018

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и рудникот за олово и цинк Саса потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата, која што компанијата ја достави до синдикатот на 26 април. „Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија металс“, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава […]

Синдикатот на Југохром бара итна средба со премиерот, во спротивно ќе протестираат

мај 7, 2018

Синдикатот на Југохром Алзар на 17 април доставил допис до владата за одржување на неодложна средба, поврзана со статусот на Југохром Јегуновце, информираат од таму. Но, како што се додава во соопштението, средба немало. „Затоа со овој допис повторно ви се обраќаме со барање за одржување на итна неодложна средба. Доколку до крајот на неделава […]

Вработените во „Колска“ блокираа возови поради неисплатени плати

април 16, 2018

Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ утрово од 7 до 9 часот ја блокираа Железничката станица во Велес, поради доцнењето на платите и тоа со месеци, јави СДК. За време на двочасовниот штрајк беше блокиран патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради тоа доцнеше 90 минути. Работниците велат дека штрајкуваат и поради тоа […]

Страна 1 од 4